„Народен непријател“ на МНТ гостува на 25. Фестивал во Р Италија („Quartieri dell'Arte“) - Канал 5

„Народен непријател“ на МНТ гостува на 25. Фестивал во Р Италија („Quartieri dell'Arte“)

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на  25. Фестивал во Р Италија  („Quartieri dell'Arte“). 

„Народен непријател“ на МНТ гостува на 25. Фестивал во Р Италија („Quartieri dell

Претставата ќе има само една изведба и ќе се одигра на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо (Teatro dell’Unione).

Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети.

„QdA“ создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови „хибридни“ стратегии за пишување на нови драми. За да му се даде дополнително значење на зборот „Револуција“, содржан во насловот на тематскиот циклус на QdA, на овој комплексен проект „Патиштата на хероите“, чиј организатор на фестивалот е негов партнер: проектот вклучува изработка на извештаи за отпад за влијанието врз животната средина на некои од емисиите што ќе поминат низ QdA во периодот 2021/2022 год. изработени од експерти и во соработка со Универзитетот во Тушија.

Изработени се неколку краткометражни филмови и театарска претстава за еколошките херои. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западниот Балкан. Фестивалот бил/е партнер со Кралскиот национален театар - Лондон, Бург театарот - Виена, MEEC - Париз, Театарот на кралската размена - Манчестер и Народни дивадло, Прага, како и со Македонскиот народен театар - РС Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

Мицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила

На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили.

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации.

Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.

Видео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на Јадранот

Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега.

Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море.

Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска.

Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев.

Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите 

ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите

Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер