Македонија„Напредни лозари": Ги застапуваме интересите само на лозарите членови на ЗдружениетоГи застапуваме интересите само на производителите на грозје членови на регионалното здружение, информираа денеска од „Напредни лозари" Кавадарци. Оттаму нагласија дека во Здружението членуваат околу 1.500 членови од неколку општини од Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. -Се залагаме за подобри денови за лозарството. Подобар пласман, посолидни цени и начин на плаќање за грозјето. Мораме да нагласиме дека и овој гроздобер, кај нас се обраќаат лозари кои бараат да им помогнеме, а притоа не се наши членови. Сакаме да им укажеме на таквите лозаропроизводители дека со самото членство во Здружението, со плаќањето на членарина, се придонесува за создавање на можности да се делува на планот на изнаоѓање на решенија за лозарските проблеми, нагласи претседателот Трајче Кулев за МИА. Тој додаде дека во Тиквешијата има неколку илјади лозарски семејства и дека сите оние кои сакаат да бидат застапувани од Здружението, треба да ја поддржат неговата работа. -На тие што не се наши членови, не сме во можност да им излеземе во пресрет кога станува збор за нивните барања околу лозарските проблеми, дециден беше Кулев./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
БалканЗаврши потерата во Црна Гора за тројниот убиец – пукал во полицијата и се самоубиРускиот државјанин Михаил Шабуњин, осомничен за тројно убиство што се случи вчера на стрелиште во близина на Даниловград, изврши самоубиство откако полицијата го пронајде и го опколи во шумата над Херцег Нови.Потерата заврши рано утрово, околу 3:35 часот, во шумата над населбата топла во Херцег Нови. Според црногорските медиуми, полициските сили го лоцирале Шабуњин, а откако се нашол опколен, тој отворил оган врз полицајците. Потоа си пукал во главата. Директорот на полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ, ја потврди оваа информација. Во големата полициска операција учествувале членови на специјалните и специјалните полициски единици, секторот за гранична полиција и регионалниот центар за безбедност „југ“.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Вистинска прествртница би било кога неколку земји од регионот влезат во ЕУЧленството во НАТО претставува значајна предност преку споделувањето информации, заедничките политики за отпорност и одвраќање, но истовремено предупреди дека безбедносните ризици во регионот остануваат присутни.Руската агресија врз Украина, влијанието и активностите на Кина и Иран, како и на пошироките конвенционални и неконвенционални закани, вклучително и сајбер-влијанието и обидите за економска принуда, посочи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на стратешкиот форум во Блед. Осврнувајќи се на европската интеграција, министерот нагласи дека инвестициите во инфраструктурата и регионалната поврзаност мора да бидат придружени и со јасна политичка инвестиција во проширувањето на Европската Унија. Муцунски оцени дека од Брисел доаѓаат охрабрувачки сигнали за нов пристап кон политиката на проширување и нејзино приспособување кон актуелниот геополитички контекст. „Нашето барање е јасно – европската интеграција да биде модел за трансформација на нашите институции, а не обид за трансформација на нашите идентитети. Оценувајте нè врз основа на заслугите и според тоа дали, во време на геополитички превирања, сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, порача Муцунски.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27