„Мој ДДВ“ – Владата ја претстави мобилната апликација за поврат на 15% од ДДВ

Проектот поврат на ДДВ стартува на 1 јули. Секој граѓанин над 15 години ќе може да се регистрира во системот и на својата трансакциска сметка да добива 15 проценти од одвоеното за данокот.

Власта ја претстави мобилната апликација преку која граѓаните од први јули ќе си ги враќаат парите од платените фискални сметки.

Апликацијата преку својот мобилен телефон, на 1 јули, ќе може да ја симнат сите граѓани над 15 години, со важечка лична карта и трансакциска сметка. Условот е да бидете регистрирани на системот на УЈП е-пероснален данок.

Потоа се врши регистрација и се креира лозинка. Апликацијата потоа станува активна и граѓаните ќе може да ги скенираат сметките, но тие не смеат да бидат постари од 10 дена.

Највисоката сметка која ќе може да се скенира на апликацијата е до 30 илјади денари.

Пресметките на власта покажуваат дека за три месеци, едно лице може да добие најмногу 1 800 денари.

За една сметка од илјада денари ДДВ-то кое се плаќа е 180 денари. Од тие пари граѓаните ќе добијат 15% или околу 27 денари.

Исплатата ќе се врши на секои 3 месеци, а првите пари на сметките на граѓаните ќе легнат во декември.

За парите да не одат кај богатите слоеви, власта постави и лимит... Околу 28 илјади денари најмногу, годишно може да добие едно четиричлено семејство преку мерката поврат на 15% од платениот ДДВ.

За овие пари граѓаните нема да плаќаат персонален данок. Целта на мерката е да се сузбие сивата економија и да се вратат парите кај граѓаните.

По основ на данок - предвидено е во државната каса да се слеат околу 250 милиони евра повеќе, а за возврат од буџетот кај граѓаните годишно да се вратат 50 милиони евра.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер