Живот„Модерното ропство“ е најзастапено во Северна Кореја, Еритреја и МавританијаСе проценува дека 28 милиони луѓе се на принудна работа, а 22 милиони од нив живеат во принуден брак.Северна Кореја, Еритреја и Мавританија имаат највисока преваленца на модерно ропство во светот, покажуваат податоците на Глобалниот индекс за ропство што е објавен денеска, а со кој се забележа „влошување“ на ситуацијата на глобално ниво од последното истражување пред пет години. Во извештајот се проценува дека во 2021 година околу 50 милиони луѓе „живееле во ситуации на модерно ропство“, што е зголемување за 10 милиони во однос на 2016 година, кога последен пат беше измерен идексот. Се проценува дека 28 милиони луѓе се на принудна работа, а 22 милиони од нив живеат во принуден брак. Ситуацијата се влошува, меѓу другото, поради „растечките и сè покомплексни вооружени конфликти, широко распространето уништување на животната средина“ и влијанието на пандемијата на коронавирусот. Извештајот, составен од хуманитарната организација за човекови права „Оди слободно“ (Walk Free), го дефинира модерното ропство како „принудна работа, принуден или ропски брак, должничко ропство, принудна комерцијална сексуална експлоатација, трговија со луѓе, практики слични на ропство и продажба и експлоатација на деца“. Основниот принцип на ропството подразбира „систематско лишување од слободата на една личност“ - од правото на прифаќање или одбивање работа до слободата да се одлучи дали, кога и со кого да се омажи. Според оваа мерка, авторитарната Северна Кореја има највисока преваленца на модерно ропство, со индекс од 104,6 на 1.000 жители, се наведува во извештајот. По нив следуваат Еритреја (90,3) и Мавританија (32), која во 1981 година стана последната земја во светот која наследното ропство го прогласи за нелегално. Во првите десет земји во светот со модерно ропство се и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, каде работните права на мигрантите се ограничени. Други земји во првите десет се Турција, „која прима милиони бегалци од Сирија“, Таџикистан, Русија и Авганистан. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаДенеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиењеДенеска по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалните резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.Ова било констатирано на вчерашниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници. Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријаШестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација, а покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Македонија25 години од Охридскиот договорМакедонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и ПитДоговорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор. Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери. Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција. Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00