Шоу биз„Мики Рурк ми поминуваше со брусилка по гениталиите, имав повреди“- Бела Торн обвинува Откако актерот Мики Рурк (72) налути многумина поради хомофобични коментари што ги даде на пејачката и јутјубер Џоџо Сиви (21) за време на снимањето на британското реално шоу Celebrity Big Brother, актерката Бела Торн се огласи на Инстаграм .Откако актерот Мики Рурк (72) налути многумина поради хомофобични коментари што ги даде на пејачката и јутјубер Џоџо Сиви (21) за време на снимањето на британското реално шоу Celebrity Big Brother, актерката Бела Торн се огласи на Инстаграм за да го опише своето искуство со актерот додека го снимаше филмот „Девојка“ од 2020 година. Таа напиша дека актерот е „одвратен“ и додаде дека работата со него е „едно од најлошите искуства“ во нејзиниот живот. „Ова е е*ениот лик. Морав да работам со овој човек - во сцена каде што сум на колена со рацете врзани зад грб. Требаше да ми стави метална брусилка на коленото, а наместо тоа ми ја стави на гениталиите преку фармерките. Ме удри со тоа преку гениталиите. Имав модринки на карлицата.“ напиша таа на Инстаграм стори покрај скриншот од напис во BBC „Рурк е предупреден на „хомофобични“ забелешки до Сиви во Големиот брат“. Во објава на X, Торн напиша дека имало „толку многу одвратни приказни и работи“ што актерот ја натерал да ги направи, вклучувајќи ја и неговата последна сцена во филмот каде што „целосно ја покрил во нечистотија со својот мотор“. „Ме понижи на снимањето пред целата филмска екипа“ „Претпоставувам дека мислеше дека е смешно да ме понижува пред целата екипа. Морав сама да влезам во неговата приколка бидејќи тој одби да разговара со режисерот или со продуцентите, па морав да го убедам да се појави на снимањето и да ја заврши својата работа додека тој ги извикуваше лудите барања што ги сакаше од продуцентите. Јас всушност морав да го молам - сама, во неговата приколка.“ So many gross stories of things he made me go thru on that movie, including in his last scene to speed up and rev his engine so he could cover me completely in dirt. Idk I guess he thought it was funny to humiliate me in front of the entire crew. Having to go in his trailer… — BITCHIMBELLATHORNE (@bellathorne) April 11, 2025 "Бидејќи филмот не можеше да се заврши без него, сите наши напори (на целата екипа) ќе беа залудно потрошени. Ми беше непријатно, но го направив она што се бараше од мене и што беше најдобро за филмот. Мики не требаше да се однесува така и да ги става луѓето во непријатни позиции", заклучила таа. Одговорил менаџерот на Рурк По обвинувањата на актерката, менаџерката на Рурк, Кимберли Хајнс за британските медиуми изјави дека негира дека нешто „непримерно“ се случило за време на снимањето на филмот. „Бев таму како менаџер на Мики и ја гледав секоја средба меѓу Бела и Мики. Бела всушност беше издигната преку целото снимање и беше поголема дива од Мики некогаш!“, изјави Хајнс. „На денот на овој „наводен инцидент“, Бела го покани Мики во нејзиниот трејлер откако се дружеле. Ништо необично не се случи на сетот или надвор од сетот! Како и секогаш, секоја приказна има две страни“, додаде таа.Тагови: гениталии обвинувања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЗлато и бронза за македонската репрезентација на балканското CX првенство во РоманијаМакедонската вело-крос репрезентација оствари одличен настап на балканското CX првенство, одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи.Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додека Оља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15. Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории. Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам. Велосипедска федерација на МакедонијаТагови: Велосипедска федерација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБелгија ја одложува забраната за пушење на терасите од кафулињатаБелгиската влада ја одложи забраната за пушење на терасите од рестораните и кафулињата, која требаше да стапи на сила на почетокот на 2027 година.Одлуката за одложување е донесена по интервенција на највисокиот управен суд во земјата. Забраната за пушење во надворешните простори на угостителските објекти – првично планирана за 1 јануари – е дел од пакетот мерки за заштита на јавното здравје, инициран од социјалдемократскиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, пренесува Политико. Од кабинетот на Ванденбрук изјавија дека белгискиот Државен совет побарал измени во одредени мерки. „Во моментов работиме на тоа“, се наведува во соопштението. People in Belgium will be able to smoke at restaurant terraces for a little while longer after the government announced it would be delaying its outdoor ban planned for early 2027. https://t.co/J1ZIcRXVDg — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) October 26, 2026 Иницијативата првично предизвика остри реакции во белгискиот угостителски сектор. Владата сега истакнува дека одложувањето ќе им овозможи на угостителските објекти доволно време да се прилагодат на новите правила. Сè уште не е јасно колку точно ќе трае одложувањето. Откако измените ќе бидат финализирани, тие ќе треба да бидат одобрени и од белгискиот Парламент. Тенденција присутна и во други земји од ЕУ Неколку други земји од Европската Унија, исто така, воведуваат слични забрани, иако со различен исход. Франција неодамна го забрани пушењето на плажите, во парковите и во близина на училиштата. Во Шпанија, во јули беше усвоен нацрт-закон со кој забраната би се проширила на терасите и другите јавни простори, а истовремено би вклучила и ограничувања за електронските цигари. Сепак, овој предлог наидува на отпор од сопствениците на ресторани. Белгија веќе минатата година воведе низа закони против пушењето, вклучително и ограничувања за просторите за пушење на аеродромите, како и забрана за електронски цигари со ароми. Мерките се дел од стратегијата чија цел е создавање генерација без тутун до 2040 година. Забраната за пушење на отворено е една од мерките за кои се залага Светската здравствена организација. Според белгиската Фондација за борба против ракот, речиси една четвртина од Белгијците пушат, при што 19 отсто од нив пушат секојдневно.Тагови: Белгија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Набуко“ од Џузепе Верди – моќна музика и вечна приказна за слободата на 30 октомвриНа 30 октомври, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најпознатите и најзначајните дела во оперската уметност.Со моќна музика, драматичен заплет и силни вокални интерпретации, оваа опера ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина, носејќи универзална порака што и денес допира до публиката. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис (Грција), во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а светло дизајн, Милчо Александров. Насловната улога ќе ја толкува Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а во улогата на Захарие ќе настапи Александар Стефаноски. Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова, Јане Дунимаглоски, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ . „Набуко“е лирско-драматична опера во четири чина, едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во Миланска Скала. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Темата на операта е тешката историја на еврејскиот народ, нападнати и поразени, протерани од својата татковина, иако историските настани се користат само како позадина на романтичниот и политички заплет. Верди во една ноќ ја напишал надалеку познатата хорска арија која станала драматуршки и музички столб на делото „Va, pensiero, sull'ali dorate“ („Летај на златести крилја”). Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter