„Messages by Google“ добива интересно ажурирање - Канал 5

„Messages by Google“ добива интересно ажурирање

Апликацијата за пораки на „Android“, наречена „Messages by Google“, сега може да прикажува реакции од „iPhone“ во форма на емотикони.

„Messages by Google“ добива интересно ажурирање

Според „Google“, опцијата функционира исто како и испраќање порака до некој што користи уред со „Android“. Првично, функцијата ќе биде достапна за уреди подесени за англиско говорно подрачје.

Дополнително, видеата споделени преку „Messages by Google“, може да се испратат како „Google Photos“ линкови во разговорот. Ова значи дека корисниците на „iPhone“ ќе можат да гледаат висококвалитетно видео преку „Google Photos“ наместо заматените содржини што вообичаено пристигнуваат преку „MMS“. Фотографиите во иднина ќе може да се испраќаат на сличен начин.

Интересно е тоа што „Google“ во соопштението вели дека „го охрабрува „Apple“ да се приклучи на остатокот од мобилната индустрија и да го прифати „RCS“, за да го направи испраќањето пораки подобар и побезбеден процес, без разлика кој уред се користи“.

„Messages by Google“има некои други нови функции. Има „Organized inbox,“ кој автоматски ги подредува пораките во „Personal“ и „Business“ табови. Пораките со еднократни лозинки може да се подесат да бидат автоматски избришани по 24 часа, за да се спречи пренатрупаност.

Тука се и опции за нежно потсетување да одговорите на порака која можеби сте ја пропуштиле или сте заборавиле на неа. Опцијата прво ќе биде достапна за корисниците на англиски, на глобално ниво.

„Google“ посочува дека сите споменати ажурирања за „Messages by Google“ќе пристигнат до корисниците во наредните недели.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.

АБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување

Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена.

Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки.

Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите.

Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот.

Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Мажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. 

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер