Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Автомобилизам„Mercedes-Benz“ го отвори првиот салон за продажба на исклучиво електрични возилаГерманската автомобилска компанијата „Mercedes-Benz“ го отвори првиот салон во кој се продаваат само електрични автомобили. Но салонот е далеку од Германија и се наоѓа во Јапонија. Салонот „Mercedes EQ Yokohama“ се наоѓа во градот Јокохама во јапонската префектура Канагава, јужно од Токио. Објектот од 1.221 квадратен метар продава пет електрични модели на „Mercedes EQ“, односно постоечки модели „EQ“ вклучувајќи го и „Mercedes EQS“. Во салонот истовремено може да бидат изложени до седум возила, а можно е и пробно возење. Има и локација за испорака на возила, како и три полначи и сервисна работилница. Во иднина ќе се постават соларни панели кои ќе овозможат салонот да се префрли на одржливи, природни и обновливи извори на енергија. Mercedes-Benz има план целосно да се префрли на електрични возила до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
МакедонијаКнижевен настап на Стефан Марковски во ПаризМакедонскиот писател и истражувач на литературата Стефан Марковски на 24.09 ќе настапи на книжевната вечер Paris Lit Up која се одржува од 2012-та година во историскиот бар „Култур Рапид“ во 20-от париски арондисман на улица Жилиен Лакроа.Во овој бар, кој е дел од книжевната историја на Париз како родно место на француската слем поезија од 1980-тите, сè уште се одржува познатиот Меѓународен слем фестивал секој мај. Македонскиот книжевник ќе прочита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, каде се застапени песни од четири поетски книги на Марковски, „Хипербог“, „По трагата на белиот грифон“, „Сиво сјаат вселените“ и „In Nomine“. Книжевните вечери Paris Lit Up (PLU) се основани од авторот Џејсон Френсис Мекгимзи и Кејт Ноукс, етаблирана поетеса, членка на Велшката академија за книжевност и уредничка на поетската рубрика на истоименото списание, а водител е Крис Њуенс, британски писател и новинар. На вечерите во минатите изданија имаат гостувано Ненси Столман, американска писателка на флеш-фантастика, музичар и основач на настаните поврзани со читање флеш-фантастика Fbomb, њујоршкиот поет и музичар Стив Далачински, добитник на наградата „Франц Кафка“, ирско/италијанско-американската поетеса Кимберли Кампанело и други. Вечерите се познати како репрезент на повеќејазичната уметничка сцена и литература која се создава во Париз. Во рамки на својот престој, Марковски ќе оствари и посета на Универзитетот „Сорбона“.Тагови: Стефан Марковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашуваАнтимон. Дата-центри за провизии. За народот - загадена вода и скапа струја.Мицкоски договорил. Инвеститорот го знае. Локацијата ја знае. Знае кој ќе ја увезува струјата. Знае кој ќе го копа антимонот. Ги знае своите провизии. Народот не знае ништо. Единаесет недели граѓаните на Гостивар се без извештај за водата. Над педесет места во државата без јасен извештај со месеци. Месеци без име кој ги отру Лепенец и Вардар. Има нови случаи на починати од западнонилска треска поради неадекватна превенција. Извештаите за водата се кријат. Треската се игнорира. Човекот плаќа. Мицкоски со Адамовиќ, Лазаревиќ и Божиновска ја продаваат струјата и тераат бизниси со броила. Милиони од граѓаните во приватни џебови. Криминалот и корупцијата цветаат. Обвинителството не мрда со прст за труењата во Гостивар, за тепањето млади во Ново Село, за десетици пријави за криминални тендери. Работи по телефон на арамијата. Договорил приватни дата-центри. Хардвер за туѓа дигитализација. Струјата што тој ќе ја увезува ќе ја платат граѓаните поскапо отколку денеска. Цевка нема. Електрана на гас што би ги хранела серверите нема. Има увоз. Има сметка. Договорил рудник за антимон. Добил помалку отколку што дал за Дејвид Гета. Пет милиони долари за дупка. 5,53 милиони евра народни од Лотарија за диџеј. Земјата евтина. Концертот скап. Две недели екскурзија. Околу педесет души на народен грб. Платени лобистички куќи за состаноци за сликање. На Фејсбук објавува не постоечки средби со највисоки функционери - некој од придружбата снима од страна додека арамијата „случајно“ ги запознава во хотелски фоајеа. Ходник со Рубио го продава како самит. Раскопчан. Раце во џебови. Часовници од шеесет илјади евра и костими од десетина илјади евра. Народот не се прашува за ништо. Арамијата Мицкоски е „институција“ - сам одлучува за иднината на граѓаните. Водата ја крие. Струјата ја продава. Во буџетот нема пари, повторно ребаланс и нови задолжувања. Арамијата ја полни својата каса, сè се прелева. Ова не е влада туку распродажба. Земјата не е негова. Земјата е на народот. Доаѓа време кога ќе ја врати. И кога бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00