„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика - Канал 5

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика
Коалицијата „Менуваме“ со апел да се разгледа според нив незаконското намалување на работното време на услугите за лична асистенција за лицата со попреченост, издавањето лиценци со кршење на законските процедури. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца пожарникари загинаа, додека гаснеле шумски пожар на Крит (ВИДЕО)

Двајца пожарникари загинаа додека се бореа со голем пожар во селото Неа Крија Вриси, во регионот Ретимно на Крит.

Двајца пожарникари загинаа, додека гаснеле шумски пожар на Крит (ВИДЕО)

Пожарникарите беа заробени во своето возило во областа Сахтури, во близина на Неа Крија Вриси. Според првичните информации, тие ја изгубиле контролата поради густ чад, објави Катимерини.

Првичните извештаи покажуваат дека пожарникарите се на возраст од 28 и 60 години, од кои едниот бил сезонски работник, додека другиот бил на петгодишна задолжителна служба. Пожарот во Ретимно е долг повеќе од 15 километри, а пламенот стигнал до првите куќи во Крија Вриси.

Како што изјави претседателот на локалната заедница Крија Вриси, Сифис Вавуракис, за грчката државна телевизија ЕРТ, фронтот на пожарот во Ретимно се протега повеќе од 15 километри, а пламенот стигнал до првите куќи во селото.

„Спасуваме што можеме. Нашите животи и нашите домови. Многу сум потресен. Нека гори сè, сè додека нема човечки жртви. Ветерот дува исклучително силно“, рече тој.

Тој додаде дека двајца волонтери кои им помагале на пожарникарите исто така биле повредени за време на гаснењето на пожарот. Соопштение на противпожарната служба за смртта на двајца пожарникари

Грчката противпожарна служба издаде соопштение за смртта на двајца пожарникари кои загинаа во пожар во близина на Ретимно.

„Денес е исклучително тежок ден за противпожарната служба. За време на интервенцијата за гаснење на пожар на поле и шума во областа Крија Вриси, во Ретимно, двајца пожарникари ги загубија животите. Тие загинаа херојски при вршење на должноста, заштитувајќи ги животите и имотот на граѓаните, како и природната средина. Раководството на противпожарната служба изразува длабока тага и искрено сочувство до семејствата и најблиските на нашите починати колеги. Сите наши мисли се со нив.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирина Шајк е во врска со 11 години помлада НБА ѕвезда (ФОТО)

Ирина Шајк (40) и НБА ѕвездата Девин Букер (29) наводно се во врска, а ова лето се обидуваат да поминат што е можно повеќе време заедно, изјавил извор близок до двојката за „Пипл“.

Ирина Шајк е во врска со 11 години помлада НБА ѕвезда (ФОТО)

Веста се прошири откако моделот и кошаркарот беа забележани заедно во Хемптонс.

„Сè е сè уште многу свежо, но тие навистина се сакаат“, рекол изворот. Тој додал дека се запознале пред неколку месеци преку заеднички пријатели. „Ова лето се обидуваат да поминат што е можно повеќе време заедно пред Девин да почне да се подготвува за новата сезона. Можеби ќе ја видите Ирина на некои од неговите натпревари. Таа навистина го сака“, рекол изворот за кошаркарот на Финикс Санс.

Претставниците на Ирина Шајк и Девин Букер сè уште не одговориле на барањата за коментар.

Букер претходно бил во врска со Кендал Џенер

Букер претходно бил во врска со моделот Кендал Џенер. Гласините за нивната врска се појавија во април 2020 година, откако заедно патуваа во Аризона, а ја потврдија врската на Инстаграм во февруари 2021 година.

Тие накратко раскинаа во јуни 2022 година, но набрзо се смирија и се појавија заедно на Отвореното првенство на САД во септември истата година. Конечно раскинаа во октомври 2022 година.

„И двајцата имаа многу напорни распореди и решија да се фокусираат на своите кариери“, рече извор во тоа време. Друг додаде дека сè уште се сакаат и почитуваат и си посакуваат се најдобро.

Ирина има ќерка со Бредли Купер

Шејк беше во врска со актерот Бредли Купер четири години пред Букер. Тие почнаа да се гледаат во пролетта 2015 година и ретко се појавуваа заедно во јавност.

Во март 2017 година, тие ја добија ќерката Леа, а раскинаа две години подоцна. По раскинувањето, тие останаа во добри односи и ја одгледаа својата ќерка заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Криминалниот ум криминално размислува!

Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:

Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?

На што се темелеше таа финансиска проценка?

Од кои извори требаше да се обезбедат средствата?

Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра?

Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога?

Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста.

Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата!

Тоа се прашања на кои јавноста заслужува одговор.

За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави.

Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори.

Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати.

И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации, објави на ФБ доскорешниот министер за култура, Зоран Љутков. .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер