„Меѓаши“: Најголем проблем за децата е сиромаштијата - Канал 5

„Меѓаши“: Најголем проблем за децата е сиромаштијата

На СОС-телефонот за деца и млади за периодот од јануари до декември 2014 регистрирани се 102 контакти, информираа денеска на прес-конференција од Првата детска амбасада „Меѓаши“. Според директорот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, оваа година најголем проблем е сиромаштијата за која што луѓето побарале помош.

„Меѓаши“: Најголем проблем за децата е сиромаштијата
- СОС-телефонот за деца и млади постои веќе 21 година и ќе бевме среќни децата и нивните најблиски да се јавуваа за љубовни проблеми што ги имаат, но за жал не се случува тоа, туку повеќе се вжештува линијата во однос на реалните проблеми што ги имаат децата или нивните најблиски во Република Македонија. Веќе не е проблем осаменост, оттуѓеност или агресија, веќе не е проблем ни насилство, тепачки во средните и основните училишта, туку најголем проблем оваа година што го регистрира нашиот телефон е сиромаштијата, истакна Змијанац.

Додаде дека 50 проценти од дојавите се поврзани со сиромаштија, односно со неписменост, злоупотреба на децата, исклученост од образование, со не доволна вклученост на децата во градинките, основните училишта, не завршувњето на средното училиште,

- Сето тоа ни дава право да го мобилизираме граѓанското општество, медиумите и државните институции дека децата не можат да ги остварат елементарните права токму погодени од сиромаштијата. Едно семејство за да го пушти детето во училиште мора да биде со уредна облека и обувки, со училишен прибор, а доколку тоа не се исполни ќе бидат дискредитирани и отфрлени од средината, рече Змијанац.

Семејното насилство, вели Змијанац, е вториот проблем во кој децата се потенцијални жртви, биле незаштитени и изложени на насилство во семејството. Иако многу често, рече тој, се говори за насилство врз жената или мажот, најголеми жртви се децата.

Третиот проблем оваа година се бракоразводните постапки во кои децата се потенцијални жртви на прекршување на нивните права и четвртиот е сомнежот за сексуална злоупотреба на децата од страна на близок или познаник на детето-жртва.

Психологот Јана Зенговска информира дека од 146 деца потенцијални жртви каде постои сомневање за можно прекршување на некое нивно право, 55 од тие деца се жртви на сиромаштија. Во тие случаи најчесто родителите барале помош за лекови или барале училишен прибор, храна или додаток за училишен престој.

- Семејно насилство опфаќа 16 деца од вкупниот број на потенцијални жртви, деца жртви на бракоразводни постапки се 15, а сомнеж за сексуални злоупотреба се јавиле за три деца што сепак не е мала бројка, истакна Зенговска.

Според Зенговска, на СОС-телефонот граѓаните најмногу бараат информација за тоа каде да се обратат за нивните проблеми што говори дека граѓаните стануваат се посвесни кои се институциите коишто можат да го решат нивниот проблем.

Од 102 јавувачи кои се јавиле во периодот од јануари до декември 2014 година во Првата детска амбасада „Меѓаши“, две се деца, а сто се возрасни лица. Од возрасните лица кои пријавиле случај четири се анонимни, еден случај е произлезен од одредена информација од медиумите и во два случаја дојавувач е правно лице. Според полот, 48 се јавиле женски возрасни, 44 машки, а од децата две машки. Според етничката припадност најголем број се Македонци или 51 дојавувач, 13 Албанци, 19 дојавувачи се Роми и 19 непознати. Најмногу од дојавувачите, односно 69 проценти, се од урбана средина, 17 отсто од рурална, а 14 проценти од непознати места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Кремаста карбонара со сланина

Во четврток (12.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Дејан Николовски Чуле.

„Гответе со Дракче“ - Кремаста карбонара со сланина

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. шпагети

200 гр. чадена сланина или панчета

250 мл. павлака за готвење

2 јајца

100 гр. пармезан

1 чешне лук

30 гр. путер

зачини по избор

малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФЗО со конкретен акциски план за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизија

Фондот за здравствено осигурување со конкретен акциски план за спроведување на препораките од државниот завод за ревизија.

ФЗО со конкретен акциски план за спроведување на препораките од Државниот завод за ревизија

Фондот за здравствено осигурување, во врска со објавениот Конечен извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој се однесува на имплементацијата на безбедносните мерки и контроли во информацискиот систем на Фондот, ја информира јавноста дека констатираните наоди и дадените препораки се разгледани со должно внимание и институционална одговорност, при што се преземени конкретни активности за надминување на утврдените слабости.

Фондот ја препознава независната државна ревизија како исклучително значаен механизам за унапредување на јавната отчетност, зајакнување на институционалните капацитети и воспоставување повисоки стандарди во управувањето со јавните ресурси. Во таа насока, ревизорските препораки претставуваат не само обврска за постапување, туку и важен поттик за системско подобрување на организациските и технолошките процеси.

Во рамките на своите надлежности и во согласност со задолженијата на Владата, Фондот изготви конкретен Акциски план, со кој се опфатени сите препораки содржани во ревизорските наоди.

Акцискиот план претставува сеопфатна и структурирана рамка за постапување, во која за секоја препорака поединечно се дефинирани потребните корективни активности, надлежните организациски единици и одговорните носители, како и прецизни рокови за нивна реализација.

На овој начин, препораките на Државниот завод за ревизија се преточени во конкретни оперативни задолженија, со јасно утврдена одговорност и временска динамика за нивно исполнување.

Особено значајно е што дел од предвидените активности веќе се реализирани, додека за останатите се започнати постапки или се утврдени конкретни мерки за нивно спроведување.

Меѓу досега реализираните активности се сегментацијата на мрежата во дата-центарот и назначувањето одговорни лица за администрирање на автентикацијата и контрола на корисничките пристапи.

Паралелно со тоа, Акцискиот план предвидува натамошно зајакнување на информациската безбедност преку ажурирање на безбедносните политики и процедури, изработка на ИТ-стратегија, проценка на ризиците, унапредување на контролите за пристап, модернизација на инфраструктурата и безбедносни надградби на постојните информациски системи.

Посебно внимание е посветено и на зајакнувањето на човечките капацитети, континуираната едукација на вработените, воспоставувањето соодветни механизми за следење на системските активности, како и унапредувањето на мерките за непречено функционирање и заштита на информациските ресурси.

Роковите за спроведување на предвидените активности се утврдени во периодот до 31 декември 2027 година, зависно од сложеноста, техничките предуслови и организациските и финансиските аспекти на секоја поединечна мерка.

Фондот нагласува дека утврдувањето конкретни рокови и носители на активностите овозможува следливост на постапувањето, јасна распределба на одговорностите и континуирано согледување на напредокот во реализацијата на препораките.

Како институција која управува со исклучително значајни процеси и информации во системот на задолжителното здравствено осигурување, Фондот е свесен дека сигурноста, интегритетот и доверливоста на информациските системи се суштински предуслови за стабилно, ефикасно и одговорно извршување на неговите законски надлежности.

Оттука, унапредувањето на информациската безбедност не се третира како еднократна активност, туку како трајна институционална определба, која подразбира континуирани вложувања, технолошка модернизација, превентивно управување со ризиците и доследно почитување на утврдените стандарди.

Фондот останува целосно посветен на доследно спроведување на препораките на Државниот завод за ревизија, во рамките на утврдените рокови и согласно предвидената динамика.

Воедно, Фондот ја потврдува својата определба за конструктивна и професионална соработка со Државниот завод за ревизија, Владата и другите надлежни институции, со цел натамошно зајакнување на институционалната ефикасност, транспарентноста и одговорното управување.

Нашата определба е недвосмислена: секоја утврдена слабост да биде предмет на соодветно постапување, секоја препорака да добие конкретна институционална одговорност, а секоја преземена мерка да придонесе кон посигурен, поотпорен и поефикасен систем на здравствено осигурување.

Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи да ја информира јавноста за напредокот во реализацијата на предвидените активности, водејќи се од принципите на законитост, отчетност, професионалност и заштита на јавниот интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!

Банките шурат ли шурат! Тоа е единствениот точен опис за економскиот терор што се случува врз грбот на македонските граѓани.

ЛДП: Државно аминувана пљачка од банките кои шурат со провизиите пред импотентните влада и гувернер!

Додека народот едвај врзува крај со крај и се соочува со сурова инфлација и прескапа кошница, банкарскиот сектор само за првите девет месеци од 2026 година оствари застрашувачка нето-добивка од 224,4 милиони евра, додека само од провизии и надоместоци граѓаните се олеснети за рекордни 154 милиони евра – што претставува скок од над 10 отсто во однос на лани! Ова не е пазарна економија, ова е класична, државно аминувана пљачка во која секојдневните трансакции, одржувања на сметки и дигитални плаќања се претворени во златен рудник за туѓите сметки.

ЛДП прашува каде е во оваа масовна ограбеност власта и импотентниот гувернер кои се целосно неспособни да го зауздаат овој хаос? Се сеќавате на симболичните најави на гувернерот Трајко Славески дека „треба да се преиспита политиката“ на провизиите? Да потсетиме дека владата со години се прави слепа и глува за ова безобразно шурење тврдејќи дека провизиите „не биле законска материја“? Ниту една реална мерка, ниту еден заштитен механизам за граѓаните – освен празни алибија додека банките им ја цицаат и последната капка крв од семејниот буџет. Истовремено, за сомнителни зделки, скандали како оние со „Алта банка“ и партиски тендери време се наоѓа во секое време, но за заштита на обичниот човек – апсолутна институционална импотенција.

А решението постоеше и сѐ уште стои на маса! Либерално-демократската партија (ЛДП) уште одамна поднесе конкретен и функционален предлог за укинување и строго ограничување на овие паразитски банкарски провизии кои го празнат секој денар од џебот на граѓанинот. Но, тој предлог беше брутално и срамно отфрлен од владеачкото мнозинство. Нѐ мавтаа и лажеа дека системот ќе ги заузда банките, а во реалноста само ги оставија одврзаните раце на мафијашкиот банкарски картел да не третираат како сопствени банкомати.

Ако секој месец се прашувате зошто сте сѐ посиромашни и зошто платата Ви се топи уште во првите пет дена, да знаете дека тоа е директен благослов од неспособниот владин апарат, гувернерот и институциите кои работат исклучиво за профитот на банкарските моќници. Време е да се стави крај на ова лудило. Прифатете го предлогот на ЛДП и законот за зауздување на банкарските провизии.

ЛДП нема да молчи пред оваа пљачка – време е за одговорност, а не за празни владини соопштенија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер