„Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за вистинска правда, за Македонија со совест - Канал 5

„Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за вистинска правда, за Македонија со совест

По мотото „Со љубов, со болка и со достоинство – во име на оние кои повеќе не можат да чекорат“ родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани по 30 пат го одржаа Маршот на ангелите. 

„Марш на ангелите” во Кочани: Со љубов и болка, за вистинска правда, за Македонија со совест

Мирниот марш започна во 14 часот и 5 миунути од Паркот на револуцијата во Кочани со голем транспарент на кој освен фотографите на загинатите деца стоеше и проката „ 63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара правда“.

Ова е прв Марш за ангелите одржан во Кочани по отпочнувањето на судскиот процес за трагедијата, отако на четири дена пред првото рочиште се одржа мирен марш во центарот на Скопје. Во меѓувреме по барање на родителите на жртвите поднесени се две иницијативи за фoрмирање Анкетна комисија во Собранието, а за 9-ти декември е закажана и седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, на која треба да се дискутира за поднесената преставака од здружението на граѓани „16-ти Март“. Нејзиното одржување ќе зависи од тоа дали ќе се обезбеди потребниот кворум, со оглед на тоа дека истиот ден во Парламентот на дневен ред е и предлог буџетот за 2026-та. И од власта и опозицијата велат дека целта и главниот приоритет во поднесените иницијативи е кочанската трагедија.

Судењето за трагедијата во Кочани започна на 19-ти номеври, а втрото рочиште беше одложено по барање на одбраната кои се пожалија дека не го добиле интегрираното обвинение и дека обвинетите не можат да се изјасни за вина. Следеното рочиште за случајот Кочани за закажано за 2-ри декември. 35 физички и три правни лица се на обвинителна клупа, а до средината на декември се очекува да биде поднесено и обвиение против 30-тмината полициски службеници и началници, за кои посебна истрага водеше Обвинителството за организиран криминал. Од пред неколку денови кочанското обвинителство отвори истрага и за 11 лица – даночни инспектории и вработени во УЈП, од кои двајца се во домашен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели

Најмалку 22 лица загинаа денеска во судир меѓу автобус и камион на автопат во Кенија, соопшти полицијата.

Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели

Во несреќата се повредени уште неколку лица, кои се лекуваат, објави Асошиејтед Прес.

Се вели дека патниците се враќале од погреб кога се случила несреќата.

Абдулахи Калиф, комесар на округот Макуени, каде што се случила несреќата, изјавил дека бројот на жртви може да се зголеми.

Околностите околу несреќата сè уште не се јасни, објави АП, додавајќи дека пребрзото возење и лошите услови на патиштата претходно се наведуваат како фактори што придонесуваат за сообраќајните несреќи во Кенија.

Националниот орган за транспорт и безбедност на Кенија соопшти дека делот од патот каде што се случила несреќата е означен како „црна точка“ и дека веќе се дадени препораки за подобрување на безбедноста.

Пред три недели, 17 лица ги загубија животите во друга несреќа на истиот пат, кој го поврзува главниот град Најроби со крајбрежниот град Момбаса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. 

Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност!

Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава.

Овој демократски пресврт е директна шлаканица за сите автократски системи кои функционираат преку масовна контрола на медиумите, злоупотреба на буџетските ресурси за партиски цели, целосна партизација на институциите и манипулација со изборниот процес. Србија денеска покажа дека нејзиниот демократски капацитет е длабоко всаден во сржта на народот и дека секоја изборна инженеринг-машинерија паѓа пред гневот и волјата на граѓаните.

„Студентите и граѓаните на Србија покажаа дека со енергија и одлучност можат да бидат тие кои ќе одлучат за иднината на својот народ – надвор од сите манипулации, надвор од злоупотребата на медиумите, надвор од вклучувањето на буџетот во служба на една партија и надвор од воспоставените автократски матрици! Србија покажа дека единствено народот е суверен. За ЛДП, казнивост за корупцијата мора да има, правда мора да има подеднакво за сите, а за единството и европскиот пат нема алтернатива. Ова е доказ за целиот регион дека единствено демократијата, транспарентноста и одлучноста на граѓаните победуваат“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание.

ЛДП изразува надеж дека со овој демократски чин, Србија конечно се враќа на вистинскиот европски пат. Оваа победа е јасен сигнал и предупредување за сите регионални политичари кои мислат дека со контрола, монопол и трошење на народни пари можат вечно да го држат сопствениот народ во заложништво.

Времето на автократите и партиските монополи завршува. Демократијата, праведноста и европската иднина на Балканот немаат алтернатива!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не се гледа крајот на протестите во Франција- Макрон нема решение

Групи француски демонстранти и синдикати повикаа на понатамошни демонстрации за да го продолжат притисокот врз владата откако голема безбедносна операција помогна во контролирањето на немирите во саботата за време на протестите низ целата земја.

Не се гледа крајот на протестите во Франција- Макрон нема решение

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 410.000 луѓе учествувале во маршевите во саботата, а властите распоредиле 70.000 полицајци за да спречат повторени грабежи и вандализам во голем број градови на 17 октомври.

Синдикалните лидери повикаа на понатамошни протести следната сабота и национален штрајк на 5 ноември, истакнувајќи дека фрустрацијата поради платите, трошоците за живот и јавните услуги се проширила далеку над студентското движење кое првпат се мобилизираше минатиот месец.

„Гледаме натрупување на гнев и ги повикуваме луѓето да излезат на улиците и следната сабота“, изјави за BFM TV Муриел Гилберт, копретседател на левичарската федерација на синдикати „Солидари“. Таа рече дека незадоволството на студентите, работниците, пожарникарите и другите групи се претвора во заеднички бунт.

Синдикатот на наставниците во образованието SUD изјави дека ќе се придружи на демонстрациите на 31 октомври, додека главниот синдикат CGT изјави дека ќе одлучи во текот на неделата.

Просторот за реакција на Макрон е минимален

Членовите на движењето „Жолти елеци“ - граѓанска иницијатива создадена во 2018 година како бунт против данокот на гориво - исто така повикаа на масовни собири следната сабота, вклучувајќи протестни седења пред градските собранија и зградата на Националното собрание.

„Во оваа земја има гнев. Расте во училиштата и универзитетите, на кружните текови, во населбите, на фармите и на работните места“, изјави активистката Азелма Сиго за новинарите.

Во 2019 година, претседателот Емануел Макрон успеа да најде средства за намалување на трошоците за гориво како одговор на барањата на „Жолтите елеци“.

Седум години подоцна, поради преоптоварени јавни финансии, има многу малку простор за исполнување на барањата на демонстрантите. Покрај тоа, мандатот на Макрон истекува следната година, а неговата центристичка партија повеќе нема мнозинство потребно за донесување важни закони. Владата започна преговори со синдикатите и претставниците на студентите во обид да ја ублажи кризата, но водачите на протестите тврдат дека мерките што ги предложи досега се недоволни.

Се подготвуваат нови демонстрации

„Не добивме никаков одговор од оваа влада“, рече Гилберт.

Полициските синдикати денеска изјавија дека немаат доволно работна сила за да го одржат високото ниво на распоредување на сила што помогна да се ограничат немирите на спорадични судири во неколку градови во Франција, вклучувајќи ги Париз и Марсеј.

Министерството за внатрешни работи во неделата објави дека 1.314 лица биле уапсени во саботата, половина од бројот од минатата недела, и дека околу 50 полицајци биле повредени, во споредба со повеќе од 1.000 повредени минатата недела.

Протестите одекнаа надвор од границите на Франција

Во саботата, белгиската полиција во Брисел употреби солзавец и спреј со бибер во судир со антивладините демонстранти. Во Албанија, мирните протести, кои започнаа кон крајот на мај, се претворија во насилни немири, а во неколку италијански градови, втора недела по ред, се случуваат помали конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер