Фудбал„Марка“: Анчелоти го одби Бразил, размислува за понуда од Саудиска Арабија Карло Анчелоти одби да ја преземе бразилската репрезентација на лето. Тренерот на Реал Мадрид ова лично му го соопштил на претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) Едналдо Родригес, објави „Marca“.Според шпанскиот спортски медиум, Анчелоти размислува за понуда од еден од клубовите од Саудиска Арабија за 50 милиони евра годишно. Договорот на Италијанецот со Реал е до јуни 2026 година. Претходно се дозна дека доколку Анчелоти си замине, Реал Мадрид би можел да го предводи Чаби Алонсо од Баер Леверкузен. /МИАТагови: Карло Анчелоти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПрекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен КимХаризматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“.Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од Шуберт, ремек-дело напишано во декември 1827 година. Ова е всушност неговото последно дело за овие два инструмента, познато по својата извонредна уметничка длабочина и екстремна техничка тежина за двајцата изведувачи кое беспрекорно беше доловено пред фестивалската публика на „Охридско лето. Ниек Бар свири на виолина „екс Форнбаум“ изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година. Како камерен музичар, има долгогодишна соработка со американскиот пијанист Бен Ким со кој веќе има одржано неколку рецитали на сцената на амстердамскиот „Концертгебау“, во „Концертхаус“ во Берлин и во минхенскиот „Гастајг“ (концерт пренесуван во живо од „БР класик“) и деби во Филхармонијата во Есен во 2021 година. Ова камерно партнерство резултира и со ЦД снимено за „Авротрос класик“ со дела од Крајслер, Моцарт, Бах и Бетовен. Изведбите на американскиот пијанист Бен Ким се опишани како „еуфорични и полни со виталност“, додека пак сензибилноста и интегритетот во интерпретацијата му носат респект и репутација кај публиката, но и кај стручната критика. Победникот на 55-от АРД натпревар во Минхен во категоријата пијано, Бен, настапува низ светот во концертните сали како „Карнеги Хол“, „Музикферајн“, „Гевандхаус“, „Сантори Хол“, „Кенеди Центар“, со оркестрите на Германското радио, Баварскиот радиосимфониски оркестар, со оркестрите во Лајпциг, Балтимор, Кјушу, Сеул, со оркестарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, со Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, со оркестарот „Тонхале“ под диригентската палка на Кристоф Ешенбах, со Келнскиот камерен оркестар под водство на Кристоф Попен и со Филхармонискиот оркестар на Бусан на „Музикфест Берлин“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја изврши ново лансирање на ракета Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од својот источен брег кон Источнокинеското Море, соопшти јужнокорејската војска, додека се засилуваше надзорот во регионот.Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета со краток дострел кон Источното Кинеско Море, додавајќи дека лансирањето било извршено од областа Вонсан на источниот брег на земјата. Здружениот штаб на Јужна Кореја објави дека ракетата била лансирана околу 17 часот по локално време од областа Вонсан, додека бројот на истрелани ракети сè уште не е потврден, пренесува „Јонхап“. Војската на Јужна Кореја соопшти дека ги засилила надзорот и извидувањето поради можноста за нови лансирања, како и дека одржува целосна борбена готовност во тесна соработка со САД и Јапонија. Ова е прво лансирање ракета од страна на Северна Кореја по повеќе од еден месец, откако Пјонгјанг на 25 јуни, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тестираше тактичка балистичка ракета, нови повеќецевни ракетни фрлачи и друго оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРедовно одржување на фонтаните во КарпошОпштина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалки, пумпи, како и делови од системите за филтрација и циркулација на водата. Дополнително, извршена е проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивната функционалност, ефикасност и сигурност. Со реализираните активности, Општина Карпош обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook