Здравје„Мамо, умирам“- последни зборови на дете од Турција (5), кое починало по вадење заб (ФОТО)Елена Сонмез, мајката на малиот Денис (5), кој починал по вадење заб за време на операција во Турција, раскажа какви биле последните часови од животот на нејзиниот син, како и што се случило на забарот кобниот ден.Таткото и мајката на момчето го однеле Денис во стоматолошка клиника во Бурса бидејќи малото момче се жалело на болки. Наводно, откриле дека има повеќекратен кариес, по што закажале пломба и вадење на еден заб на 10 ноември. Според зборовите на мајката, детето било ставено под општа анестезија, при што бил изваден еден заб, а четири биле пломбирани. Недолго откако се разбудил, Денис се пожалил дека се чувствува лошо. Елена вели дека обилно крварел од устата, имал треска и се тресел. Лекарот им рекол дека тоа е поради анестезијата, им препишал лекови и ги испратил дома. Истата вечер тие завршиле во Детската болница бидејќи состојбата на Денис нагло се влошила. Починал четири дена подоцна од откажување на органите, а телото било однесено на обдукција. За време на истрагата, провинциската здравствена управа објавила дека Денис бил под седативи пред операцијата. Затоа, детето за време на операцијата било полузаспано. Семејството, пак, тврди дека Денис добил општа анестезија, но пред тоа не биле направени никакви тестови. Повторно, според семејството, цевката во грлото на детето за време на операцијата го пробила душникот и крварењето што настанало ги исполнило белите дробови на малиот Денис. Семејството тврдело дека анестезиологот и медицинската сестра ја напуштиле клиниката без да чекаат да видат како оди закрепнувањето од анестезијата. Родителите наведуваат дека набрзо откако пристигнале дома, Денис почнал да повраќа и дека веднаш го однеле во болница каде му била извршена операција поради крварење. После тоа бил сместен на одделението за интензивна нега, каде што конечно бил интубиран поради влошување на состојбата. На крајот, срцето на момчето застанало. Семејството вели дека го реанимирале еден час, но немало шанси да се спаси. Елена и нејзиниот сопруг Ајдин отишле во полиција и дале изјава за сѐ што се случило. Во таа прилика Ајдин изјавил и дека интервенцијата била закажана за 3 ноември, кога Денис поради забоболка бил однесен на клиника. „Се пожали на болки, го однесовме. Му го сликаа забот и рекоа дека треба да се пополнат четири заба и да се извади еден. Интервенцијата беше закажана за 10 ноември во 12 часот. Анестезиолозите дојдоа околу 12:40 часот. Во чекалната, му дадоа инекција и ми рекоа дека можам да го носам на лекар по некое време. Го носев на раце до столот и анестезиологот си замина по пет минути, дека тоа било редовна процедура“, изјави таткото на Денис. Ајдин вели дека анестезиологот рекол дека ќе биде на клиниката. „Морав да ја напуштам клиниката поради некоја работа, но мојата сопруга остана и подоцна ми кажа дека анестезиологот заминал веднаш по мене и повеќе не се вратил. Кога заврши операцијата, стоматологот и асистентот на анестезиологот ја напуштија ординацијата. Тогаш јас веќе се вратив и чекавме во собата со медицинската сестра за Денис да се разбуди. Помина околу еден час. Денис беше замаен и се тресеше. Загрижено ѝ реков на медицинската сестра да се јави на лекар“, се сеќава таткото. „Ѝ рече на Елена: „Мамо, умирам“, медицинската сестра отишла кај лекарот и му рекла дека нашиот син се трепери, на што рекле дека е нормално од анестезијата. После 15 минути температурата му се покачи, “ рече таткото. Она што следеше беше драматично. Според зборовите на Елена и Ајдин, момчето постојано зборувало дека умира. „Мамо, умирам мамо, соблечи ме“, рекло момчето, по што Елена почнало да ја фаќа паника. Ајдин потоа, како што тврди, го грабнал детето и го симнал долу. „Ја стави главата на рамото на мајка му и само тоа рече, имаше температура... докторот не се ни појави. Ни рекоа да му дадеме антипиретик, дека може да препишат антибиотици. Ни повикаа такси и ни рекоа да го однесеме дома“, тврдат родителите. Ајдин вели и дека на клиниката на момчето му дале вода што не можел да ја голтне, дека бил целосно збунет. „Анестезиологот да останеше, да го прегледаше, ќе знаеше дека нешто не е во ред, убеден сум во тоа“, вели таткото. Ситуацијата наеднаш се влошила околу 20 минути откако се вратиле дома. „Ги оставив и отидов во неговото училиште да му ги земам домашните задачи. Мојата сопруга го легна во кревет“, се сеќава Ајдин. Штом стигнал дома го однеле во болница. Тие велат дека неговата сатурација била едвај 50. „Тешко дишеше, веднаш го интубираа. Рекоа дека крвари од грлото и забите. Веднаш го оперираа... Толку траеше сѐ... Чекавме да се разбуди, да се подобри ... Но, тој почина... Нашиот свет сега е мрачен“, изјавил таткото кој го загуби синот единец. Тој тврди дека лекарите му рекле дека Денис починал од откажување на органите. „Лекарите пробаа сѐ, Господ да ги благослови... Последниот ден го префрлија на скенер, срцето му застана таму... Залудно се обидуваа да го оживеат еден час“, вели таткото. За смртта на синот ја обвинува целата стоматолошка клиника. „Не сакам во никого да се посомневам, но ги обвинувам... Кога животно ќе квичи, вие го погледнувате. Животот на мојот син не требаше вака евтино да се продаде. Не го ни погледнаа. Ако тие барем еднаш го погледнаа. Да го погледнеа, мислам дека ќе беа уште со нас“, вели очајниот татко. Според неговите родители, Денис бил здраво момче кое немало никакви проблеми. Тој наведува и дека не се согласил неговиот син да биде ставен под општа анестезија. „Таа инекција што му ја дадоа, рекоа дека ќе го зашемети малку, а потоа го ставија под анестезија. Мојот единствен син се бореше три дена, до последен момент“, вели таткото. Обвинителството соопштило дека истрагата за смртта на момчето е во тек, а дадена е наредба клиниката да се затвори до следниот месец, пишува курир.рс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook