„Мал Шенген“ во Тирана - Инклузивноста и добрососедските односи во фокусот на средбата - Канал 5

„Мал Шенген“ во Тирана - Инклузивноста и добрососедските односи во фокусот на средбата

Инклузивноста и добрососедските односи во фокусот на денешната иницијатива Мал Шенген во Тирана, на која учествуваат  премиерот Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ.

„Мал Шенген“ во Тирана - Инклузивноста и добрососедските односи во фокусот на средбата

По Нови Сад и Охрид, третата сесија од иницијативата Мал Шенген денеска се одржува во Тирана. Премиерот Зоран Заев пристигна во албанскиот главен град каде на заедничка маса седна заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и и претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ. На состанокот се разговара за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан.

По заедничките договори околу намалување на трговските бариери меѓу земјите, слободен проток на луѓе и ослободување на пречките за инвестиции, како што информираат од владината прес служба, трагедијата предизвикана од земјотресот во Драч поттикна взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот.

Тие утринава го посетија Драч. Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи, спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Инаку на пленарната сесија според најавите учествуваат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, од Светска Банка, од Советот за регионална соработка, како и претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.

Со поттик од иницијативата за соработка во регионот, според информациите од владината прес служба, завршија преговорите меѓу Србија и Македонија и наскоро ќе започне изградбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, до следниот состанок на оваа иницијатива во Белград, царинските дирекции на Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.

За заклучоците од оваа сесија на иницијативата за унапредување на соработката на Западен Балкан, лидерите ќе информираат на прес – конференцијата која ќе се одржи како завршница на средбата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судри со комесарот на МЛС

Еден од нјадобритер свтески фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ја прослави титулата во Купот на шампионите со Интер Мајами, но прославата беше одбележана и со судир со комесарот на МЛС, Дон Гарбер.

Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судри со комесарот на МЛС

Интер Мајами го совлада Круз Азул со 2–0 во финалето, а Меси беше еден од јунаците на победата. Тој го постигна првиот гол – неговиот стоти за Интер Мајами – и запиша асистенција за вториот погодок.

Сепак, по доделувањето на трофејот, вниманието го привлече сосема поинаква сцена. Камерите снимија вжештена вербална расправа меѓу Меси и Гарбер.

Аргентинецот му се обрати на комесарот на МЛС не само еднаш, туку двапати. На снимката се гледа како Гарбер му вели нешто на Меси, по што фудбалерот го одбива неговото барање и продолжува со разговорот, видливо незадоволен.

Според информациите што се појавија по натпреварот, Меси за време на расправата рекол: „Не со мене“.

Исто така, по церемонијата на доделување медали и подигнувањето на трофејот, Меси повторно луто му пријде на Гарбер и повторно му рече нешто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка

Нова романса на повидок, холивудски актер виден со жена помлада од него за 31 година

Кевин Костнер „уловен“ со 31 години помлада девојка

Холивудската ѕвезда, актерот Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн.

71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо.

Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски.

Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук.

Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот.

По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени.

Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер.

Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер