„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница - Канал 5

„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница

​ Кумановската општа болница и одделението за гинекологија и акушерство стандардно, не само за време на Светската недела на доење, ги поттикнуваат, едуцираат, мајките на доење.

„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница

Кумановската болница е прогласена за „Болница, пријател на бебињата“ уште пред 22 години и оттогаш посветува исклучително внимание на промоција на доењето, како во едукација на мајките од поволностите од доењето, така и во едукација на персоналот, педијатри, неонатолози, медицински сестри на актуелни теми поврзани со доењето, како што се, правилно воспоставување на доењето, справување со најчестите проблеми при доење, важноста на психосоцијалната поддршка на доилките.

Раководителката на одделот, примариус специјалист д-р Лидија Јовчевска вели дека кумановската болница има долга традиција како пријател на бебињата. Таа ги повика мајките и порача дека доењето треба да биде ексклузивно најмалку шест месеци од раѓањето.

– Од 1990 година кога е донесена декларацијата на невините, препорачано е од Светската здравствена организација сите новородени да го добијат она што го заслужуваат, мајчиното млеко. Од 1992 година, од 1-ви до 7-ми август, се одбележува, Светската Недела на доењето. Кумановската болница од 2000 година е болница пријател на бебињата. Ние веќе 22 години во континуитет, работиме, инсистираме, ги обучуваме мајките кога ќе си заминат да дојат, инклузивно шест месеци. Сите мајки сакаат да дојат, особено затоа што промоцијата е повеќе од две децении, тие знаат дека нема ништо подобро за почеток од мајчиното млеко за бебињата. Особено во првите шест месеци, тоа е им е храна, вода, заштита, топлина, вели д-р Јовчевска.

Мотото на кумановската болница, како пријател на бебињата е „Мајчиното млеко е првата и најмоќната вакцина за новороденчето“.

Главната сестра во кумановската болница и акушер со 36 годишно работно искуство, Валентина Стојмировиќ вели дека болницата придава исклучителна важност на доењето.

– Веќе 22 години сме болница-пријател на бебињата, статус кој го добивме под покровителство на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација. Речиси сите доктори, гинеколози, акушерки, претходно бевме на неколкудневна обука и потоа се здобиваме со сертификати со коишто работиме на нашето одделение. Додека мајките се тука на одделението, вложуваме сериозни напори да ги едуцираме и поттикнеме на доењето, нагласува Стојмировиќ.

Колку е важно доењето зборува и податокот што и Светската здравствена организација ги поттикнува државите, здравствените установи на промоција. Според пишувањата на Институтот за јавно здравје по повод Светската недела на доењето, мајчиното млеко е идеална храна за доенчињата, безбедно е чисто и содржи антитела кои помагаат во заштитата од многу чести детски болести. Мајчиното млеко ја обезбедува целата енергија и хранливи материи што му се потребни на доенчето за првите месеци од животот и продолжува да обезбедува до половина или повеќе од нутритивните потреби на детето во текот на втората половина од првата година и до една третина во текот на втората година од животот.

Сепак, од кумановската болница укажуваат дека има мал процент на мајки кои одбиваат да дојат. Лекарите и сестрите обично им посветуваат повеќе внимание едуцирајќи ги за користа од доењето.

– Во нашата болница мал процент мајки одбиваат да дојат. Дури и тие што се двоумат, се трудиме да ги едуцираме, мотивираме и многу е важно што не се сами во соба, имаат и друга мајка којашто веќе дои, така што меѓусебе се мотивираат, да видат како е тоа убаво и за мајката и за новороденото. А, оние што имаат објективни причини, не можат да дојат од некоја друга здравствена причина им нудиме таблети кои ќе ја прекинат лактацијата, истакнува доктор Јовчевска.

Во болницата пред пандемијата почна и школата за идни мајки. Надлежните очекуваат да почнат со интензивна работа и едукација од септември. Во моментов се прават смените за едукација на идните родители.

Пред пандемијата започна со работа „Роса школа“ за идни мајки, како едукативен центар за идните родители.

-Со голем ентузијазам пристапивме кон тој проект, меѓутоа поради пандемијата бевме спречени, сега повторно сме на идеа од септември да ја промовираме меѓу младите родители. Имаме обучено сестри кои ќе се занимаваат со тој проект и се надеваме дека со помош на матичните лекари кои ќе ја препорачуваат, успешно ќе се реализира, изјави Стојмировиќ.

Кумановската болница е е едно од најголемите родилишта во државата, сепак и градот не е имун на миграцијата која ги зафати и државата и земјите од околината.

– Се намалува бројот на раѓања во кумановската болница што е тренд и на миграцијата, нешто што не го одминува градот, државата, но сме едно од најголемите родителишта во државата. Оваа болница во изминатите децении 20-30 години над 2.000 раѓања, за жал трендот во државата е таков, намален е бројот на раѓања, во моментов имаме 499 новороденчиња и би сакале да се зголеми тој број. Имам доволен број персонал, соби, оперативна сала, педијатри, инструменти, ултразвук, потребна опрема, вели доктор Јовчевска.

Светската недела на доењето се одбележува од 1 до 7 август, а годинешново мото е „Доењето основа на животот“. СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат, рано започнување со доење во рок од еден час од раѓањето, ексклузивно доење првите шест месеци од животот, континуирано доење до 2 – годишна возраст или повеќе, со воведување на нутритивно соодветна и безедна дополнителна цврста храна на шест месечна возраст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ со кој до рани утрински часови седеа на пијанки, а заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна со Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Падот почна од СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, па продолжи со Вучиќ.

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови.

Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ.

Така што, кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива.

Едноставно кажано, Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно исто. Прво паднаа СДС, кои сега е едвај трета партија, додека во Скопје петта, а во Куманово и последните избори во Брвеница четврта, заедно со Заев и Филипче, а по нив сега падна и Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Во украинскиот град Олешки,кој е под руска окупација, започна примирје за хуманитарна помош.Прекинот на огнот треба да овозможи снабдување со залихи и евакуација на цивилите.

Примирје во украинскиот град Олешки заради достава на хуманитарна помош и евакуација

Примирјето беше најавено минатата недела од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Руското министерство за одбрана соопшти дека престанало да пука кон Херсон.Украинскиот комесар за човекови права, потврди дека примирјето започнало.Тој нагласи дека украинската страна ги почитува преземените обврски.олешки беше заземен од руските сили во февруари 2022 година, на почетокот на инвазијата.пред војната, градот имал околу 24.000 жители.

Според украинските проценки, во градот и околината сè уште живеат околу 6.000 луѓе.меѓу нив има и околу 200 деца, кои се соочуваат со тешки хуманитарни услови.жителите имаат сериозен недостиг од храна и други основни потреби.белата куќа соопшти дека Меланија Трамп посредувала за примирјето со цел да им се помогне на цивилите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година

На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот.

Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада.

Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер