„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра - Канал 5

„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра

„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра и над 600 работни места.

„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од 18.200 метри квадратни изнесува 40 милиони евра и треба да отвори над 600 работни места до 2027 година. Новиот капацитет е втора фабрика на Магна во државава.

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста во присуство на Магна Мехатроникс оцени дека инвестицијата ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивите промени во државава.

- Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни за што ќе бидат инвестирани 40 милиони евра и во пикот на инвестицијата ќе бидат отворени 600 рабитни места. Благодарение на оваа фабрика се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании кои не само што произведуваат туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Остануваме посветени на создавање поволна бизнис клима, транспернтни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува тука, рече Мицкоски.

Генералниот директор на Магна Мехатроникс Штип, Горан Деспиновски посочи дека ТИРЗ Штип е одбрана за локација за инвестирање по позитивните искуства од нивната фабрика во Струга, каде имаат 1000 вработени и инвестиција од 30 милиони евра, како и добрата инфаструктурата, добрите цени на комуналии, квалификуваната работна сила и поддршката од Владата.

- Оваа година ќе ја завршиме со 350 вработени, 2026. со 440, а потоа од 2027 година над 600, рече Деспиновски.

Претседателот на Магна Мехатроникс Мирорс и Лајтинг Џеф Хант најави дека фокусот ќе биде на производство на бројни мехатронички производи што овозможуваат иновативен пристап за клиентите и подобро искуство во возењето.

- Како лидери на пазарот на мехатрониката возбудени сме што можеме да продолжиме со развојот на овие проиозводи и тоа ќе го правиме на успешниот темел што веќе го поставивме тука во Северна Македонија, рече Хан.

Според Уве Гајсингер, претседател на Магна Европа, со инвестицијата го препознаваат огромниот потенцијал на овој регион.

- Со обезбедување локации ширум континетот се позиционираме подобро да ги опслужуваме нашите клиенти, да одговориме на барањата на пазарот и да стимулираме иновации во автопмобилската индустрија. Новата фабрика е показател за нашата верба во моќта на соработката, силата на локалчните талентирани луѓе и во важноста на одржливиот развој, изјави Гајсигер.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“.

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

„Путин денеска се обложува на заморот на Западот. Тој сака да ја замрзне војната - а не да ја заврши. И затоа секое примирје без гаранции и правда само ќе отвори врата за нова агресија. Олеснувањето на санкциите, отстапките или преговорите според условите на Кремљ се стапица. Не можете истовремено да зборувате за мир и да се вооружувате за нов напад“, напиша Јермак, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека Путин не бара мир, туку одложување.

Според Јермак, повиците за прекин на огнот сега се исклучително корисни за Кремљ.

„Москва не ги промени своите цели. Напротив, Руската Федерација ги користи дипломатските преговори за да купи време, да се прегрупира, да ги заобиколи санкциите и да ја продолжи војната во време што ќе го избере“, нагласи тој.

Блискиот соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека единствениот пат кон мирот е да се поразат империјалните амбиции на Русија, а не да се легитимираат преку уште едно „привремено примирје“.

Пред два дена, рускиот претседател Владимир Путин објави примирје за периодот од 8 до 10 мај, кога Русија ќе ја прослави победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека на 8 мај за да се заврши непријателството, бидејќи тоа може да се случи веднаш.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина за да се запре крвопролевањето, потсетува Укринформ. /МИА

притисни ентер