3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
Македонија Љупчо Ристовски, Солза Грчева, Јани Макрадули и Стевчо Јакимовски вечерва во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ ќе гостуваат Љупчо Ристовски, Сочза Грчева, Јани Макрадули и Стевчо ЈакимовскиСтудентите - заслужуваат решенија, или политичка манипулација? Кој и како ја мотивира албанската пејачка Бебе Реџа да мисли дека е загрозена употребата на албанскиот јазик? Се редат ли картите за предвремени парламентарни избори следната пролет? Кој од правосудството мисли дека граѓаните пијат мазут или некој друг не си ја завршил работата? Кои се добрите вести што ги очекуваме од Брисел? Љупчо Ристовски, Солза Грчева, Јани Макрадули и Стевчо Јакимовски во Само Вистини со Видиновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
СветТрамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!Иако во пресрет на самитот на НАТО главната порака треба да е единство, антагонизмите меѓу сојузниците никогаш досега можеби не биле поизразени. Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава Трамп на Трут сошијал. Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран. Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана - нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји. Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците. Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.Тагови: Доналд Трамп НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можностиДипломатските односи мора да се претвораат во економски можности – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на формуот посветен на градење отпорни бизниси во неизвесен свет. Во обраќањето, Муцунски нагласи дека прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку тие промени да се претворат во конкурентска предност Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУСЈЕ пред нова еколошка дозволаВо овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период. Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски. Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00