Лиам одел на рехабилитација но се откажала по само 2 дена - Канал 5

Лиам одел на рехабилитација но се откажала по само 2 дена

„Не издржа до крај“: Лиам одел на рехабилитација но се откажала по само 2 дена.

 Лиам одел на рехабилитација но се откажала по само 2 дена

Покојниот пејач на мегапопуларниот бенд „ One Direction “ Лиам Пејн (31) неколку недели пред да почине заминал на рехабилитација во обид да се одвикне од проблемите со дрогата и алкохолот, но се откажал по само два дена, пишува The Sun.

Поранешниот член на One Direction се пријавил во клиниката „The Priory“ на крајот на јули и се пријавил за 28-дневна програма за лекување на зависности.

"Тој се обиде да ги победи своите зависности еднаш засекогаш. Тој навистина сакаше да си го врати животот на вистинскиот пат. Сите кои го сакаа навиваа за него. Тие беа разочарани кога тој издржа само 48 часа лекување. Тој храбро побара помош, но можеше не трае до крај“, тврди изворот.

Проблематичниот Лиам им рекол на своите соработници дека сака да ја победи зависноста заради себе, неговиот син Беар (7) и неговото семејство. Но, изворите велат дека тој едвај ја напуштал својата соба и не присуствувал на часови со други кои бараат помош. Тој наводно почнал да зема хлордиазепоксид, седатив кој се користи за лекување на симптомите на одвикнување од алкохол и дрога.

Сепак, лекувањето му станало премногу и решил да ја напушти рехабилитацијата.

"Семејството и менаџментот направија се што можеа. Но, тој едноставно не можеше да ги победи своите демони. Беше толку лошо што минатата година управата го молеше да не вози, тоа беше премногу опасно. Неговите најблиски му ги криеја клучевите, но тој само купи уште еден автомобил“, додаде изворот за Сан.

Инаку, Лиам Пејн почина на 31-годишна возраст во Буенос Аирес откако падна од третиот кат во еден хотел.

Џоф Пејн, татко на починатиот пејач на One Direction, Лиам Пејн, синоќа се појави пред хотелот во кој Лиам беше пронајден мртов за да ги прочита пораките што ги оставија многу обожаватели.

Кога пристигна, фановите со своите тела им го попречија патот на папараците за да не се доближат премногу до ожалостениот татко. Додека ги читал пораките, застанал покрај дрвото до хотелот каде обожавателите поставиле цвеќиња, фотографии и свеќи во спомен на починатиот пејач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер