„Летот е откажан, следниот е дури за два дена, но нема мрдање затоа што сте во транзит“! - Канал 5

„Летот е откажан, следниот е дури за два дена, но нема мрдање затоа што сте во транзит“!

 - Исповед на патничка која се нашла во апсурдна ситуација на Белградскиот аеродром

„Летот е откажан, следниот е дури за два дена, но нема мрдање затоа што сте во транзит“!

Крајно апсурдна ситуација се случи вчера на аеродромот „Никола Тесла“, а една „учесничка“ на овој настан сподели со нас сè што требаше да помине за да се врати дома во Сараево.

Д. Ѓ. дошла во домот на нејзината сестра во Белград со авион пред новогодишните празници, со негативен ПЦР тест. Таа имала повратен билет и требало да се врати во Сараево вчера. Летот бил закажан во 14:40 часот. Дошла до транзитната зона и го чекала својот лет кога дознала дека е откажан и дека следниот е за два дена. Сепак, ситуацијата немаше да биде толку страшна ако не и кажеа дека сега не може ниту да се врати кај својата сестра, ниту да оди дома!

- Додека го чекав летот, еден службеник на „Ер Србија“ ми пријде и ми рече дека летот е откажан поради магла и снег. Кога ми рече дека следниот е дури во недела, помислив „супер, ќе поминам уште два дена со сестра ми“. Меѓутоа, тогаш тој ми рече дека не можам ниту да се вратам кај неа затоа што немав ПЦР тест - ни раскажува Д.Ѓ.

Причината за тоа, како што објаснија, е фактот дека таа заедно со уште 10 патници кои го чекале тој лет била во транзит и затоа не можела да се врати во Србија без тест и покрај тоа што авионот не полетал.

- Бев бесна, буквално 15 чекори ме делеа од Србија, и не можев да сторам ништо. Прашав дали може да ме тестираат, тие ми одговорија не. Се јавувавме во Министерството за надворешни работи, никој не ни се јави... Во исто време, ни дадоа 12 часа да ја напуштиме Србија - објаснува нашата соговорничка.

Единствената опција што им ја понудиле е да обезбедат автобус кој ќе стигне до аеродромот за да ги однесе до Сараево. И тогаш апсурдот станува уште поголем - додека овие 11 патници го чекале автобусот, излегле пред аеродромот, па влегле во Србија без ПЦР-тест!

- Го чекавме автобусот до 16.30 часот. На крајот, дојде некое комбе да нè земе и патувавме околу 10 часа. За да бидат работите уште покомплицирани, во Сараево од 23 часот има полициски час. Веднаш знаевме дека поради снегот нема да стигнеме до тоа време...

Возачот не сакал да ги вози по адресите, туку само по делови од градот, но барем немале никакви проблеми иако биле надвор за време на полицискиот час.

Што се однесува до повратот на пари за авионскиот билет, никој не знае што да каже.

За среќа, нашата соговорничка пристигнала безбедно дома, иако после многу часови доцнење и со искуство што сигурно нема да сака да го памети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер