3СДСМ: Младите за ЗНАМ 2.0: Да ги погледнеме во очи оние кои зад затворени врати ја кројат нашата иднина
Технологија„Кумот на вештачката интелигенција“ го напушти „Гугл“, па проговори за ризицитеКомпјутерскиот научник кого често го нарекуваат „кум на вештачката интелигенција“ ја напуштил работата во „Гугл“, па проговори за опасностите од новата технологија, објавија западните медиуми.Имено, Џефри Хинтон, кој ја создаде основната технологија за системите за вештачка интелигенција, за „Њујорк тајмс“ предупредува дека напредокот на ова поле значи „длабоки опасности за општеството“ и за човештвото. - Погледнете како беше пред пет години и како е сега. Погледнете колку е ова голем чекор, а вие постојано го проширувате. Страшно е!, истакна тој. Според Хинтон, натпреварот меѓу технолошките гиганти ги принудува компаниите да произведуваат нови технологии за вештачка интелигенција со „опасна брзина“, загрозувајќи ги работните места на многу луѓе, но ги начна и оние со зли намери. - Тешко е да се види како може да ги спречите „лошите чинители“ да го користат тоа за лоши работи, изјави тој. Во 2022 година, „Гугл“ и „Опен-АИ“ - новата компанија зад популарниот чет-бот концепт за вештачка интелигенција - „Чет-ГПТ“, почнаа да градат системи користејќи многу поголеми количини податоци од порано. Хинтон верува дека овие системи на некој начин ја засенуваат човечката интелигенција поради количината податоци што се анализираат. - Можеби она што се случува во тие системи е всушност многу подобро од она што се случува во мозокот... Вештачката интелигенција ја одзема напорната работа, но може да одземе и мнигу повеќе од тоа, додаде тој. Научникот, имено, предупредува и на многу можното ширење дезинформации создадени од вештачката интелигенција, велејќи дека просечниот човек „веќе нема да може да знае што е вистина“. Хинтон го напуштил „Гугл“ минатиот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски: Со Лилд, македонските земјоделски производи добиваат извоз на европскиот пазарРаботењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица. “Навистина ми е драго што денеска сме тука и означуваме почеток на еден огромен објект за Струмица и за целиот регион. Многу значи тоа што најголемиот бренд во трговијата, во малопродажбата, како што е Лидл доаѓа во Македонија. Тоа многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис климата. И драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможиме да се реализираат инвестиции кои што се некаде околу 200 милиони евра планирани во државата, што е огромна работа. Ние се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место, 200 милиони евра за економија како нашата, како македонската, е огромна работа и навистина сме благодарни на таа работа и сакаме максимално да ја поддржиме”- истакна Николоски. Тој потенцира дека од оваа инвестиција најголем бенефит ќе имаат земјодлеците, токму од Струмичко. “ Убеден дека Лидл Македонија но и пошироко ќе ги препознае и најдобрите производи од Струмица и од Струмичко. Најубавите раноградинарски производи се произведуваат токму тука. И сум убеден дека бројни производи од Струмичкото поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Знам дека веќе Лидл прави извоз и сакам да се заблагодарам за тоа. Многу значи за земјоделците, ова е земјоделски крај и ова е крај каде што се заработува со мака, со пот, се почнува да се работи многу рано наутро. И луѓето знаат да го ценат трудот и затоа сум благодарен што успевате да најдете пласман за нивните производи и сериозно да влијаете на подобрување на цената на производите, така што благодарам многу за таа работа”- рече заменик претседателот Николоски. Упати честитки за реализација на инвестицијата, до општина Струмица која силно го поддржува овој проект и потенцриа дека Владата останува посветена на поддршка на секоја инвестиција која влијае врз севкупната економија. “ Во следниот период ќе продолжиме да даваме поддршка секаде онаму каде што можеме, да ги олесниме процедурите. Во таа насока направивме измени на Правилникот за урбанистичко планирање, со што објекти како овој треба да стануваат реалност во целата држава, што поскоро и што побрзо. И на тој начин да продолжи да се развива целата оваа приказна, а се надевам дека за многу скоро, некаде таму околу Нова Година, ќе ги видиме и првите Лидл маркети отворени во Македонија, како би имале сите едно прекрасно искуство и на пазарување, но исто така и на користење на македонските производи”- рече во своето обраќање вицепремиерот Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБунраку демонстрација во КинотекаБунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. На 30ти јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кинотека. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени на театарската уметност, во кои преку префинета куклена игра и богата нарација оживеаја приказни стари со векови. Бунраку е јапонски професионален куклен театар. Развиен главно во текот на 17 и 18 век, тој претставува една од четирите форми на јапонскиот класичен театар, покрај кабуки, но и кјоген. Терминот „бунраку“ потекнува од „Бунраку-за“, името на единствениот комерцијален театар за бунраку што опстанал до денес.. Бунраку е познат и како „нингјо џорури“, назив што упатува на неговото потекло и суштина. „Нингјо“ значи „кукла“, а „џорури“ е стил на драмско наративно пеење придружено со трожичниот инструмент шамисен. Заедно со кабуки, бунраку се развивал како дел од живата трговска култура на периодот Едо (1600–1868). Иако користи кукли, бунраку не е детски театар. Од околу 700 драмски дела создадени во периодот Едо, приближно 160 останале во денешниот репертоар. Претставите, кои некогаш траеле цел ден, денес се скратени од првичните шест на два или три чина. Нингјо Џорури Бунраку е прогласен занематеријално културно богатство на Јапонија во 1955 година, а во 2008 година е впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО (првично прогласен во 2003 година), стои во соопштението од Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧудо во Венецуела! По шест дена, дете извлечено живо од под урнатините!Вкупниот број на загинати во земјотресите кои минатата недела ја разурнаа Венецуела сега изнесува 1.943, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додека бројот на повредени речиси се дуплираше на 10.571. Јорданските спасувачи во Венецуела извлекоа дете од урнатините по шестдневните разорни земјотреси минатата недела, соопштија венецуелските власти. Јорданските спасувачи го извлекоа Клибер Моран од зградата „Лос Коралес Гарден 1“ во Ла Гваира откако помина шест дена под урнатините, изјави потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, во објава на Телеграм. Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала минатата среда, со разлика од една минута, што предизвика уривање на бројни згради и закопа илјадници луѓе под урнатините, соопштија властите и спасувачките екипи. ¡Un verdadero milagro en La Guaira! Tras 6 días bajo los escombros del edificio Los Corales Garden 1, el pequeño Klieber Morán (3 años) ha sido rescatado con vida. Gracias a la misión de rescatistas de Jordania por este acto heroico ¡La esperanza sigue intacta! 🇻🇪🙏 pic.twitter.com/oqXK6clSRK — Cuatro F Web (@CuatroFWeb) June 30, 2026 Пратка на УНИЦЕФ со 47 тони хуманитарна помош пристигна во Венецуела во вторник, изјави портпаролот на организацијата, Стефан Дижарик, наведувајќи дека помошта ќе биде наменета за деца и семејства погодени од катастрофата. Според првичната проценка на сателитските податоци од НАСА, последовните потреси веројатно оштетиле или уништиле околу 60 илјади згради.. Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter