Култура„Кон патот на буквите до Битола“ - 107-годишнина од албанската азбука„Кон патот на буквите до Битола“ е годинашното мото на активностите за одбележување на 107-годишнината од албанската азбука, кои почнуваат утре во Битола.- Три дена по ред, битолчаните и други кои ќе изразат желба да ги следат одблизу, ќе имаат можност да се сеќаваат на возвишената традиција и да се збогатат со исклучителните вредности на албанската култура, истакна на денешната прес-конференција, државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи. Тој најави дека активностите почнуваат во 12 часот со друштвото „22 Ноември", кое ќе ја организира посетата на Форумот на албанската жена во Македонија на Музејот на азбуката. Потоа ќе има изложба на женски фустани од времето на конзулите во Битола. Во рамките на активностите во 13 часот, ќе се одржи научен форум посветен на сестрите Ќириази. - Во активностите за одбележување на 22 Ноември особено е важна презентацијата на концептуален дизајн со историски албански личности изработени од восок. Презентацијата ќе се одржи во 12 часот, а еден час подоцна, предвидено е да почне научната дебата, посветена на албанскиот патриот, Митхат Фрашери, информира Шехапи. Централниот настан ќе се одржи на 22 ноември, во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде за прв пат ќе се претстави на оркестарот на Националниот театар на опера и балет на Република Албанија. - На овој начин ќе се круниса меѓукултурниот договор меѓу министерствата за култура на Република Македонија и на Република Албанија. Репертоарот е подготвен особено за овој ден. Солистите се познати имиња од албанската сцена вклучувајќи ги Шкодран Толај - тенор и Викена Каменица од албанската Опера, Армандо Ликај -бас и пијанистот од Македонија Шкелзен Бахтијари. Диригент на оркестарот е маестрото на Театарот на опера на Албанија, Едмонд Доко, истакна Шехапи. Се очекува на овој настан да бидат присутни раководители на државните институции од двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter