3Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава
3Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
Други спортови,, Ќе го скршам” – скандалозна прес конференција пред мечот на годината (ВИДЕО)На 1 декември Дентај Вилдер и Тајсон Фури ќе ги вкрстат боксерските ракавици , но за малку тоа ќе се случеше и на денешната прес конференција.Светот го очекува мечот меѓу двајцата боксерски шампиони , кои денеска за малку ќе се истепаа во присуство на новинарските екипи за време на прес конференцијата пред мечот. Фури вети дека ќе го нокаутира Вилдер ,тешкашот кој до сега не изгубил во професионалната кариера. Тој од 40 победи , 39 ги остварил со нокаут. ,, Денеска ми е годишнина. Три години од кога отидов во Германија и го скршив Валадимир Кличко по цел Диселдорф . За три дена истото ќе му го направам на Вилдер. “ рече Фури. Ниту Вилдер не му остана должен , така што навредите за време на прес конференцијата доведоа до без малку тепачка меѓу двајцата најдобри боксери во тешка категорија во светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за кориснициЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието.Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна заштита. „Денес не отвораме само нова канцеларија – отвораме нов начин на комуникација со нашите корисници. Тука ќе доаѓаат граѓаните кога им е потребна информација, кога склучуваат договори, поднесуваат барања или кога им е потребна поддршка за прашања поврзани со работењето на претпријатието. Со оваа инвестиција воспоставуваме повисок стандард во односот кон корисниците. Современата опрема и новите административни решенија ќе овозможат побрза и поефикасна услуга, поедноставни работни процеси и подобро корисничко искуство. Инвестираме во современи услови затоа што веруваме дека зад секоја добра јавна услуга стои добро организиран систем и професионален однос кон секој корисник“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој истакна дека модерните јавни услуги започнуваат со квалитетен однос кон граѓаните. „Отворањето на новата канцеларија за грижа за корисници е директно вложување во подобра и подостапна услуга за граѓаните. Корисниците отсега на едно место ќе можат побрзо и поедноставно да ги завршат своите обврски и да ја добијат потребната поддршка. Го поздравувам вложувањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар во модернизација на условите и работните процеси, бидејќи токму преку вакви конкретни чекори се гради довербата и се унапредува квалитетот на јавните услуги“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Новата канцеларија е целосно реализирана со сопствени средства на ЈП Паркинзи на Општина Центар и претставува дел од континуираниот процес на модернизација на претпријатието. Со нејзиното отворање се создаваат подобри услови за прием и услужување на корисниците, како и поорганизирани и поефикасни административни процеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаПроштална средба на претседателот Гаши со амбасадорката на Република Грција, Софија ФилипидуПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, и се заблагодари на амбасадорката Филипиду за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Македонија и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка. Претседателот истакна дека земјата останува искрено посвестена на градењето добрососедски односи, засновано врз меѓусебно почитување, констуктивен дијалог и соработка во области од заеднички интерес. Тој изрази уверување дека контитуираниот политички дијалог и отворената комуникација претставуваат најдобра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи. Тој истакна дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда. Амбасадорката Филипиду истакна Грција го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и дека како претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година ќе се залага да дава поддршка на европската перспектива на земјата како и на сите земји од Западниот Балкан. Претседателот Гаши и посака на амбасадорката Филипиду многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинаваНамален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава, понизок и во споредба со крајот на 2024 и 2025 година – изнесува 58,8% од БДП.Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни поени. Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Согласно објавените податоци нивото на јавен долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8% додека во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра. Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на МТВ истакна дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира. „Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8% од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте, не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг“, рече министерката. Таа истакна дека кога станува збор за задолжувањата некогаш може да се надмине лимитот којшто постои како некаква психолошка граница, но дека е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што во последните години се случува. „Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа што значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандарде да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници и сето тоа е животен стандард. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува“, потенцира министерката за финансии. Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, додека податоците за сосстојата на државниот долг на месечно ниво.Согласно последните податоци државниот долг заклучно со 30.06.2026 година изнесува 9.432 милиони евра или 51,7% од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2 процентни поенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08