„KIA Telluride“ е Светски автомобил на годината

Жирито за избор на Светски автомобил на годината 2020 (World Car of the Year 2020) објави кој е победник на овој избор за 2020 година.

Мазда 3 доби награда за најдобро дизајниран автомобил.

Истата меѓународна жири комисија го избра и „SUV“ моделот „KIA Telluride“ за најдобар автомобил за 2020 година.

„На нас во „KIA“ ни е навистина огромна чест да добиеме ваква награда. ОВа е едно од најдобрите натпреварувања во светот на автомобилската индустрија и сето тоа сведочи за напорната работа на нашиот тим кој секогаш создава квалитетни и практични автомобили“, рекол Томас Шамера, извршен потрпретседател на „KIA“.

притисни ентер