1СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење
3Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
Автомобилизам„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 годинаАвтомобилската корпорација од Јужна Кореја, „Киа“ објави дека продала 3.085.771 возило ширум светот во 2023 година, достигнувајќи нов годишен рекорд на продажба, на светско ниво. Во однос на 2022 година, продажбата е зголемена за 6,3 отсто. Со исклучок на возилата за специјални намени, продажбата на пазарите вон Јужна Кореја е зголемена за 6,7 отсто. А, во самата земја продадени се 563.660 возила, што е зголемување од 4,6 отсто. Претходниот најдобар годишен резултат „Киа“ го забележа во 2014 година, кога продаде 3.038.552 возила - 465.200 возила во Ј Кореја и 2.573.352 возила продадени вон земјата. Спортскиот теренец „Спортаж“ се најде на врвот на светската продажба за лани, по што следат теренеците „Селтос“ и „Соренто“. Според познавачите, со такви напори, „Киа“ ќе продолжи со растот и ќе ја постигне својата цел да стане снабдувач со еколошки одржливи возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаСДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело - повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиењеХристијан Мицкоски вчера јавно изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“Со оваа реченица премиерот јавно призна: Повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле. Две години молчеле. Две години граѓаните пиеле загадена вода. А водата сѐ уште не е целосно исправна. По хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, изјави Христијан Мицкоски. Министерот Клековски ветуваше дека до крајот на неделата ќе биде безбедна. Сѐ уште чекаме официјална потврда. Сѐ уште не се доставени ни документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, додека граѓаните ја користат. Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици места низ Македонија. Дали знаел и за другите места во Македонија? Овој тендер-патриот, Мицкоски, оди на екскурзија во Белгија, иако им порача на граѓаните на Македонија, поради изолацијата во која ја доведе државата, да летуваат во Македонија - на планините и езерата. Оди на екскурзија додека половина Македонија се соочува со проблеми со неисправна вода за пиење. Во Гостивар има епидемија на жолтица. За загадувањето на Лепенец и Вардар - нема утврдена одговорност, како што нема утврдена одговорност ниту за многу други случаи што ја потресоа Македонија. Мицкоски сакаше да се претстави како спасител. Наместо тоа - јавно призна кривично дело. Скопје, 02.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ФудбалСалах пред трансфер во Трабзонспор Трабзонспор е блиску до тоа да го „украде“ досегашниот ас на Ливерпул, Мохамед Салах од Бешикташ. Клубот влезе во напредна фаза на преговори со агентот на играчот и сега е многу блиску до постигнување целосен договор со самиот Салах. Како резултат на тоа, Бешикташ официјално ги прекина преговорите на неодредено време, иако претходно имаше постигнато устен договор со претставниците на фудбалерот. Договорот предвидуваше едногодишна соработка со опција за продолжување за уште една сезона, годишна нето-плата од 10 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра преку бонуси, според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, чии информации ги пренесе неговиот колега Санти Ауна. Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Во Перу падна туристички авион,13 загинатиТринаесет лица загинаа денес при падот на мал туристички авион над археолошкиот локалитет „Наска линии“ во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс. Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над линиите Наска, но неколку минути подоцна ја изгубил врската со контролната кула, објавија локалните медиуми. A small tourist plane crashed on Saturday while conducting a sightseeing flight over Peru’s famous Nazca Lines, killing all 13 people on board. Authorities said the aircraft was carrying 11 passengers and two pilots when it went down near the UNESCO World Heritage site in… pic.twitter.com/6yFqmtUDxs — Mighty News (@Mighty__News) August 1, 2026 Причините за падот на авионот сè уште се непознати, а локалните власти најавија покренувањеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook