Култура„Керемпух“ со две претстави во Драмски театарПо синоќешната изведба на „Јазовец во Керемпух“ на хрватскиот режисер Оливер Фрљиќ, сатиричниот театар „Каремпух“ од Загреб вечер во Драмскиот театар, првпат во Македонија, ќе ја изведе и претставата „Да живее Хармс! Чудата постојат“ на режисерот Александар Поповски.Двете претстави на матичната сцена премиерно се изведени минатата година за јубилејните 50 години од постоењето на овој загрепски театар. Екипи од двете постановки денеска имаа прес-конференција во Драмски, кој од пред неколку дена ги распродаде сите билети за дводневното гостување на „Керемпух“. - Дојдовме со два проекта пред скопската публика. Според синоќешните реакции, не ве разочаравме, рече директорот на „Керемпух“ Душко Љуштина. Посочи дека овие претстави, заедно со уште две („Хамлет од Долна Мрдуша“ на Иво Брешан и „Политичка венчавка“ на Фадил Хаџиќ - основачот на „Керемпух“ во 1964) лани го одбележале петдеценискиот јубилеј и дека тие се омаж за сите писатели кои поради својот пишан збор или поради своите дела биле затворани и прогонувани. Таков бил и Данил Хармс (Данил Иванович Јувачов) - „ленинградскиот чудак“ од 1930-тите, кој се борел против репресивниот режим и бил уапсен и умрел во затвор од глад. Режисерот Поповски рече дека Хармс е автор на кој често му се навраќа, зашто е индивидуалец кој против еден систем се борел на многу посебен начин - непредвидлив, кој прави што сака и пишува како сака. - Хармс не учи како да се биде слободен. Ние мислевме дека слободите ни се засекогаш дадени, дека освоената слобода ја поседуваме засекогаш. Ние учиме дека слободата мора одново и одново да се добие. Ние мораме да се бориме за сопствената слобода. Хармс не учи на тоа... Најдовме книга од неговата жена, која раскажува неверојатни приказни, направи некоја подлога на сите негови приказни. Таа раскажа една од најубавите приказни за тоа дека чудата постојат, рече Поповски кој со „Керемпух“ соработува вторпат, по постановката на „Буре барут“. - Мојата приказна почнува во „Керемпух“, каде што беше мојата прва официјална режија надвор од Македонија. Во едно чудно време, кога никој не би се охрабрил да постави таков текст, Душко ме покани да ја поставам во Загреб, додаде Поповски. Музиката за вечерашната претстава е на битолскиот бенд „Фолтин“, за која режисерот рече дека е посебно интересен дел од процесот на подготовка. Во актерската екипа се: Линда Бегоња, Иван Ѓуричиќ, Тарик Филиповиќ, Хрвоје Кечкеш, Лука Петрушиќ, Маја Посавец, Ракан Рушаидат, Бранка Трлин и Миа Аночиќ-Валентиќ. Дел од нив веќе работеле со Поповски и се задоволни од соработката со него. - Оваа е волшебна претстава за нас, а вие ќе видите зошто е тоа така... Поповски е еден од најдобрите режисери со кои имам работено. Мислам дека тој така е третиран и во Хрватска, рече Филиповиќ. Актерот Ракан Рушаидат (кој како и Хрвоје Кечкеш е во двете гостински претстави), кај Поповски ја игра улогата на Хармс, но рече иако имаат одредени улоги и сцени, се однесуваат како да се сите Хармс, целиот ансамбл. Тој ги спореди двете претстави - вчерашната „Јазовец“ и денешната за Хармс и рече му се интересни зашто се на двајца сосема различни режисери. - Додека Фрљиќ не приземјува и не турка во реализам и политика, Ацо, спротивно на тоа, се обидува да не одлепи и да не прати во облаците. Во таа смисла претставите се различни, тие се два краја на ист жанр, рече Рушаидат. Во синоќешната претстава настапија и Вилим Матула и Борко Периќ. „Јазовец во Керемпух“ е хит-претстава на театарот „Керемпух“, авторски проект на актуелниот хрватски режисер Оливер Фрљиќ, во кој се споени четири стендап-настапи. За 50 години театарот „Керемпух“ имал над 4,5 милиони гледачи. Директорот Љуштина рече дека годишно имаат 30 отсто повеќе претстави од другите хрватски театри, имаат три сцени и свој фестивал на сатирата. Нивното гостување во Скопје е дел од турнеја, во чии рамки настапиле и во Љубљана, а им следуваат гостувања во Крањ, Белград, Виена и во Нови Сад. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа. Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума. Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства. ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа. Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.Тагови: ФБИ Бајненс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20