Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
Балкан„Катимерини": Ривалството меѓу Софија и Скопје создава пукнатина на југоисточното крило на НАТОСпоред весникот, меѓу Софија и Скопје се создава нов судир „заради два века стара контроверза врз етничка основа".Инсистирањето на Бугарија да го блокира стартот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, претставува ризик од создавање на уште една пукнатина на југоисточното крило на НАТО, во услови кога постојат длабоки поделби и меѓу две други членки на Пактот во регионот – Грција и Турција, оценува електорнското издание на грчкиот весник „Катимерини". Според весникот, меѓу Софија и Скопје се создава нов судир „заради два века стара контроверза врз етничка основа". – И Бугарија и Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија со нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија, а Македонија како тампон зона против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно ги чувствуваат последиците од американско-рускиот конфликт за влијание, додава весникот. Според „Катимерини", засега се чини дека ривалството меѓу Софија и Скопје не влијае врз НАТО, кој е на ставот дека станува збор за „европско прашање што треба да го решат земјите членки на ЕУ". – И да е така, блокадата на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ не произлегува од критериумите за членство, како потребата од зајакнување на демократијата или сузбивање на корупцијата, туку таа се базира на историски тврдења што го поттикнуваат национализамот на двете страни и тоа наскоро би можело да има влијание и врз НАТО, доколку овие разлики не бидат надминати, се додава во коментарот на атинскиот весник. „Катимерини" оценува дека сите овие случувања ја зголемуваат „антибугарската треска" во Македонија, а ставовите на Скопје кон Софија стануваат се поагресивни. Весникот наведува дека властите во Скопје го одбија барањето на Софија да учествува во контролата на НАТО на воздушниот простор над Македонија и се повлекоа од учество во проектот за бугарската нуклеарна централа „Белене", поддржувајќи го наместо него проектот за природен гас во северногрчкото пристаниште Александрополис. – Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичката елита сака да профитира од националистичките чувства, обидувајќи се да создаде нова балканска агенда базирана на периодот од Отоманската Империја и големите аспирации од 19-от век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од вистинскиот пат, заклучува „Катимерини".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter