Какво оценување ќе имаат средношколците за второто тримесечје?

Описно наместо бројчано оценување бараат повеќе директори на средни училишта.

Откако од министерството за образование добиле допис дека за две недели наставниците и професорите мораат да обезбедат оценка за учениците за третото тромесечие. Дел од директорите, кои сакаа да останат анонимни, испратија писмо до Канал 5 во кое реагираат дека платформата која ја презентираше МОН воопшто нема дел и содржини кои се однесуваат на средно образование.

Во некои семејства, реагираат директорите, учениците имаат само по еден компјутер, а се по двајца или тројца ученици и речиси е невозможно да се постигнат сите барања и задачи. Предложениот рок за оценување за 13 работни дена, според нив е прекус и ќе создаде притисок врз учениците и професорите, но и нереални оценки.

-Она што предлагаме е да се воведе описно оценување со три категории: (не реализирал, делумно реализирал, целосно реализирал) за ова тромесечје, бидејќи е ова период на адаптација и прилагодување на учениците и наставниците за он лајн настава. Конечна бројчана оцена да се формулира на крајот на учебната година, со што претсојниот период би се искористил за благовремено информирање на ученците, родителите/старателите и наставниците за условите и начините на спроведување на оценувањето, се вели во писмото.

Канал 5 побара став од Министерството дали се подготвени да ги исполнат барањето на дел од средните училишта, но до овој момент не добивме одговор. Инаку, во упатството кое МОН вчера го објави е наведен начинот на кој наставниците треба да оценуваат за време на онлајн наставата. Во него стои дека основците ќе се оценуваат бројчено или описно, додека за средношколците оценувањето ќе се врши со интерно проверување од страна на наставниците. Покрај ова, упатството налага и правење контролни вежби за учениците и водење е-портфолио за секој ученик.

-Наставничкиот совет за оценување треба да се реализира најдоцна до 14.04. 2020 година. Потврдените оценки на учениците за трето тромесечие од страна на советот на годината, односно советот на струката и наставничкиот совет треба да се внесени во соодветниот Евидентен лист и во е-дневник, најдоцна до 17.04.2020, стои во дописот од секторот за средно образование при МОН.

Во упатсвото објавено вчера од МОН, се вели дека доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година преку редовната настава, како и преку активно учество на онлајн-платформите и мрежите.

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер