Автомобилизам„Кадилакот“ на Елвис во облик на гитара, оди на продажбаМожеби најчудниот „Кадилак“ на светот оди на продажба. Она што е уникатно околу овој автомобил - во облик на гитара, е тоа што го користел Елвис Присли за еден од своите концерти во Лас ВегасМожеби најчудниот „Кадилак“ на светот оди на продажба. Она што е уникатно околу овој автомобил - во облик на гитара, е тоа што го користел Елвис Присли за еден од своите концерти во Лас Вегас, со што предизвикал доста големо внимание во јавноста во тоа време. Денес, „Гитара“ автомобилот се нуди на продажба на „И-беј“ (eBay) - како автомобил којшто не е во возна состојба. Фотографиите покажуваат дека му е потребна целосна реставрација, но за вистински колекционер, ова би можело да биде вреден и уникатен проект. Старото возило чини 10.000 евра. Се работи за видоизменет „Кадилак елдорадо“ од 1970 година, опремен со 8,2-литарски В-8 мотор, со 400 коњски сили и 745 њутн-метри вртежен момент, што беше доволно за да го движи возилото од нешто повеќе од два тона. Според достапните информации, на дизајнерот Џеј Орберг му биле потребни две цели години за да го модификува возилото. Имено, „Елдорадото“ е преполовено, продолжено со дел којшто личи на вратот на гитарата. Дополнително, и задниот дел од автомобилот бил драстично преобликуван за да личи на тело на гитара. Инаку, Орберг е можеби најпознат по спектакуларниот „Пантермобил“ - светло-розов автомобил што го изградил во 1969 година за ТВ-серијата „Розовиот пантер“, пишува „Индекс“. Во 1986, дизајнерот го претстави и „Американскиот сон“ - лимузина долга 30 метри, со 26 тркала, со хелиодром, базен со можност за нуркање, џакузи и воден кревет со целосна големина. Според Гинисовата книга на рекорди - ова е најдолгиот автомобил во светот. И покрај угледот на неговиот творец, за „Гитара-Кадилакот“ на Елвис денес малку се знае. Сега се наоѓа во Орлеан, Франција, но не е познато како завршил во Европа. Елвис бил познат по својата љубов кон овие американски автомобили, честопати подарувајќи им ги и на пријатели, обожаватели, па дури и на туѓинци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
СветЗеленски: Трамп зборува подобро за Путин отколку за менеСоединетите Држави повторно почнаа да споделуваат разузнавачки податоци со Украина, потврди претседателот Володимир Зеленски.Соработката беше прекината во траење од три дена, оставајќи ја Украина без клучни информации за претстојните руски напади. Зеленски изрази благодарност за прекинот на застојот во размената на податоци, кој сериозно ја попречуваше способноста на Украина да се подготви за напади. „Беше блокирано некое време, а потоа американската страна го одблокираше. Многу сме благодарни за тоа. Системот сега повторно функционира“, изјави Зеленски во претходно снимено интервју за емисијата „Meet the Press“ на телевизијата „NBC“, кое беше емитувано во недела. Последици од тридневниот прекин „Не ги видовме нападите со руски балистички ракети“, објасни Зеленски. „Десетици земји ни помагаат, но само Соединетите Држави ја поседуваат единствената способност да нè предупредат кога Русија користи балистички ракети. Во текот на тие три дена, не ги добивме тие информации.“ Иако Украина постигна значителен успех во спротивставувањето на руските беспилотни летала и во изведувањето сопствени напади со дронови, таа сè уште се соочува со тешкотии во однос на руските балистички ракети. Главната причина е недостигот на пресретнувачки ракети за системот „Патриот“, чии залихи, според достапните информации, неодамна се исцрпени. Спор околу нападите врз руската енергетска инфраструктура Прекинот во споделувањето разузнавачки податоци произлезе од спор меѓу Киев и Вашингтон во врска со украинските напади врз руската енергетска инфраструктура. Претседателот Трамп смета дека овие напади ги зголемуваат цените на дизелот, што за него претставува политички проблем пред претстојните избори за Конгресот. Минатата недела, Трамп повика на „енергетско примирје“ во Украина – потег што го затекна Киев неподготвен. Украина тврди дека, како одговор на ова барање, неколку дена ги прекинала нападите врз руските енергетски цели. Сепак, откако Русија продолжи да ги бомбардира украинските енергетски постројки, Украина ги продолжи своите напади. „Ако ми кажете дека Зеленски повторно ги напаѓа рафинериите, тој само ја зголемува глобалната цена на нафтата“, изјави Трамп во четвртокот за водителот на „Newsmax“, Роб Финерти. „Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели.“ Ограничувања на „Старлинк“ и пораки до Путин Покрај прекинот во размената на разузнавачки информации, Украина тврди дека пристапот до воената верзија на „Старлинк“ ѝ е ограничен. Ова ја попречи нејзината способност за пресретнување беспилотни летала и изведување напади на руска територија. Постојат спротивставени информации за тоа кој точно го наредил ова ограничување и дали пристапот до сателитскиот интернет сервис е целосно обновен. На прашањето зошто Трамп зборува подобро за рускиот претседател Владимир Путин отколку за него, Зеленски посочи дека причината можеби лежи во неговата сопствена директност. „Јас сум целосно искрен со претседателот на Соединетите Држави, многу сум јасен и ја поддржувам Америка бидејќи сме стратешки партнери“, рече тој. „Тој [Путин] е убиец.“ Потоа додаде: „Затоа сум многу искрен и отворено велам дека тој е убиец. Повеќе сакам партнери кои се отворени и јасни, отколку такви што се убијци, дури и ако имаат насмевка на лицето.“ Тој изјави дека усогласувањето на Соединетите Држави со рускиот претседател Владимир Путин би претставувало историска грешка, иако напомена дека сепак го смета Доналд Трамп за сојузник. „Сакаме да имаме доверба во него. Се надевам дека ќе ги промени своите одлуки, бидејќи сметам дека сè тоа е погрешно и нема да ни помогне ниту нам, ниту на Соединетите Американски Држави“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00