Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
1Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
Шоу биз„Јас и татко ми се дрогиравме, додека брат ми умираше од хероин“- исповест на Џејми Ли Кертис Џејми Ли Кертис (65) е најмладата ќерка на филмските ѕвезди Џенет Ли и Тони Кертис.И двајцата починаа, Џенет во 2004 година, а Тони шест години подоцна, но нивната ќерка често се сеќава на нив и зборува за сѐ што научила од родителите. Од нив наследила голем талент и постигнала завидна кариера, но нејзиниот живот не бил толку гламурозен, објави Стори. Публиката ја освојуваше со различни улоги, особено „Тркало на среќата“, „Вистински лаги“, „Ноќ на вештерките“... Виткото тело ѝ беше заштитен знак, а сцените со стриптиз и денес се паметат. Џејми во еден период од животот станала зависна од лекови против болки, на кои се „навлекла“ по неуспешната естетска процедура - отстранување на подочниците. "Беше страшно. Затоа отидов на естетска операција. А кога не делуваа, беше уште полошо. Знаев дека тато има проблеми, а и јас имав проблеми, па се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете кое сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет, брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година.“ Таа им украла дрога од постарата сестра и помалиот брат, а не се отрезнила ниту кога дознала за смртта на нејзиниот брат поради предозирање. Таа се омажи за актерот Кристофер Гест во 1984 година и вели дека нејзината ќерка Ени, која ја родила во 1986 година, ја одвела на вистинскиот пат. "Потоа имаше едно осумгодишно дете, кое ми кажа дека никогаш не сум била тука за неа кога ѝ требав. Тоа ме потресе", признала Џејми еднаш. Таа и нејзиниот сопруг ја посвоиле ќерката Руби во 1996 година, а во една прилика рекла дека при породување, ја пресекла папочната врвца и дека таа прва го држела бебето во раце.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТатра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце. Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла. Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“. „Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони. Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.Тагови: Татра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ја поддржуваме идејата на ЛДП - СДСМ веќе даде предлог закон за двојно државјанствоСДСМ веќе даде предлог-закон за двојно државјанство. Да важи и за пратениците од овој состав, да важи за министрите, владините функционери, директорите на јавните претпријатија. Законот да важи за сите. Нека се врати законот во Собранието. Додека траеја прославите за 35 години независност, Законот за ограничување на двојното државјанство на функционерите остана заглавен во фиока. СДСМ уште претходно предложи јасно и доследно решение: • Да важи за пратениците од актуелниот состав. • Да важи за министрите и сите владини функционери. • Да важи за директорите на јавните претпријатија. • Да важи за сите носители на јавни функции – без исклучоци и без „половични“ решенија. Нема место за двојни стандарди. Нема место за молчење на оние што сами го предложија законот, а сега го избегнуваат. Нема место за функционери кои земаат плата од државата, а лојалноста им е поделена. СДСМ ја поддржува иницијативата на ЛДП. Бараме законот веднаш да се врати на дневен ред во Собранието и да се донесе без одложувања и без компромиси. Вистинската независност и вистинскиот патриотизам се докажуваат со лојалност кон една држава - Македонија. Само не може да важи за Стоилковиќ, неговите колеги од БИА што го слават Ратко Младиќ и началникот на медиумите Латас. За големите српски националисти, агенти на службата за безбедност на Србија - не може да важи. Тие мораат да имаат две државјанства. Треба да ја спроведуваат српската и руската агенда и да се чувствуваат како дома и овде и таму. За сите останати - мора да важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter