„Ја убив бидејќи ме зарази со коронавирус“

Докторката Лорена Каранта од Италија е пронајдена мртва во нејзиниот стан, за нејзината смрт е осомничено нејзиното момче, Антонио Де Паце, кој исто така е медицински работник.

Според италијанските медиууми Антонио ја задавил својата 27 годишна девојка, докторката Лорена, а потоа и изјавил на полицијата дека го сторил тоа бидејќи таа го заразила со коронавирус.

Тие двајца инаку работеле во една болница на Сицилија, но биле повикани како помош во битката против епидемијата од коронавирусот.

Италијанските медиуми тврдат дека момчето само ја повикало полицијата и им признало за злосторството. Полицијата веднаш повикала итна помош, пристигнатите доктори го нашле момчето со исечени вени во станот.

Живото му го спасиле колегите на неговата убиена девојка, потоа тој ја шокирал полицијата со изјавата:

„Ја убив поради тоа што ме зарази со коронавирус“.

Но, првите тестови за Ковид -19 кои им биле направени покажале дека ниту еден од нив двајца не бил заразен со коронавирусот. 

притисни ентер