Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
Култура„Исцелител“ – суровата реалност на сиромашниот и очаен човекМакедонскиот игран филм „Исцелител“ на младиот режисер, сценарист и продуцент Ѓорче Ставрески синоќа ја имаше светската премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун. Во преполната кино-сала „Ставрос Торнес“, каде се бараше карта повеќе, публиката уживаше во „црната комедија“ на Ставрески и имаше можност да се запознае со суровата реалност на „обичниот смртник“, кој излезот од своите секојдневни и здравствени проблеми го бара кај „лажните исцелители“. Младиот автор смета дека „во овие луди времиња, капитализмот со балкански вкус ги сведе човечките вредности на грабање на што е можно повеќе пари и моќ, а притоа останатите луѓе не се воопшто важни. Најпотребните лекови исчезнаа, а приватните болници прават огромен профит земајќи го и последниот денар од болните и очајните. Бебиња умираа на породување, воздухот се загади, а луѓето се свртија кон астрологија, теории на заговор и игри на среќа. Лажните исцелители процветаа: оружани со ’чудотворни’ таблети од варикина, хомеопатска ’вода што памти’ и лековити колачи од марихуана, тие нудеа ’ништо’ за помалку пари. Меѓутоа секој денар е битен кога платата доцни со месеци“ На тој начин се родила неговата приказна, а хуморот и болката воделе битка во неговото сценарио. - Мојата потреба, во принцип за да направам филм, обично е дека сакам да раскажам некоја лична или интересна приказна за мене. На прво место е потребата да зборувам за некој проблем или за нешто што лично ми се случило и ме опседнало, опсервирајќи ги работите кои се случуваа во нашата земја низ годиниве, изјави Ставрески за МИА по проекцијата на филмот. Тој не верува дека филмот ќе успее да разубеди некого, но доколку само еден гледач го смени мислењето би бил задоволен. Ставрески смета дека е многу попаметно секој човек прво да ги примени сите оние научни методи кои му се на располагање и доколку здравството „крене раце“ од него, тогаш нормално е да се преземе се останато. Тој има лошо чувство за денешното време во Македонија, „за што ја обвинувал транзицијата во државата, но како што минува времето смета дека виновна е целокупната деградација на целите и сите вредности што се случуваат ширум светот, а не само кај нас. Постои глобален тренд кај луѓето оти некои механизми кои доведуваат до тоа богатите да имаат уште повеќе, а сиромашните и оние од средниот слој да имаат се помалку“. Филмот е приказна за младиот Веле, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко Саздо, што доведува до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации. Во дебитантскиот игран филм на Ставрески, кој е македонско-грчка копродукција, главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска. Филмското остварување на Ставрески е во продукција на „Фрагмент филм“ и копродукција на грчката „Граал С.А.“, а финансиски е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија. Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој е филмски продуцент и поранешн прв човек на „Вардар филм“, истакна за МИА дека „ако се направи анализа ќе се утврди дека младите режисери се поуспешни од они кои ги нарекуваме ’етаблирани’ автори“. - Мислам дека иднината на македоскиот филм е токму во тие млади луѓе, кои за минимални финансиски средства во споредба со оние кои ги добиваат „етаблираните“, создаваат нешто. Оваа и идната генерација која пристигнуваа, како Ѓорче, Дина Дума и други, сметам дека ќе направат добро за македонскиот филм и воопшто за државата и македонската култура, нагласи Тозија. Според него, не постои рецепт за добар филм, во спротивно „Холивуд не би создавал неуспешни филмови“. Тој смета дека е тешко е да се направи филм како „Пред дождот“, но сепак верувам во овие млади луѓе. „Исцелител“ денеска ќе има уште една проекција во Солун, а македонската публика ќе има можност премиерно да го погледне филмот на 19 ноември. Солунскиот фестивал е еден од најголемите и најстари филмски фестивали на балканските простори. Оваа година тој се одржува од 2 до 12 ноември, а во главната натпреварувачка програма се наоѓаат дебитантски и втори филмови на автори од цел свет кои имаат субверзивен пристап. Во трката за годинешната награда „Златен Александар“ се натпреваруваат 14 филмови, од кои три се грчки. Меѓународното петочлено жири, кое ќе ги оценува филмовите, е предводено од палестинскиот режисер, сценарист и продуцент Анемари Јасир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook