„iPhone 17 Pro“ ќе го красат шокантни промени во дизајнот - Канал 5

„iPhone 17 Pro“ ќе го красат шокантни промени во дизајнот

Според достапните информации, „Apple“ подготвува значаен редизајн за претстојните модели на „iPhone 17 Pro“.

„iPhone 17 Pro“ ќе го красат шокантни промени во дизајнот

Иако се очекуваше „iPhone 17 Air“ да биде најголемата тема на следната серија на „iPhone“ (поради неговата рекордна тенкост), моделите на „iPhone 17 Pro“ сепак би можеле да го преземат водството, затоа што се чини дека „Apple“ подготвува значителен редизајн.

Според извештаите, „iPhone 17 Pro“ и „Pro Max“ ќе се вратат на користење на алуминиумска рамка, напуштајќи го експериментот со титаниум по само две генерации.

Сепак, тука не завршуваат шокантните информации кога станува збор за дизајнот на новите „iPhone“ модели. Наводно правоаголната испакнатина за камерите на задната страна, ќе биде направена од алуминиум наместо од стакло.

За крај како шокантна се споменува дека горната половина од задната страна на уредот ќе биде изработена од алуминиум, додека долната половина од стакло. Стаклената долна половина ќе му овозможи на „Apple“ да продолжи да поддржува безжично полнење.

Испакнатината на камерата ќе биде поголема од онаа на претходните модели, но тоа не е изненадување бидејќи ова е тренд веќе некое време.

Доколку сите овие информации се остварат, тоа ќе бидат најголемите промени во дизајнот што ги доживеале некои од врвните модели на „iPhone“ на „Apple“ во последните години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?

Денеска се враќа Христијан Мицкоски од бриселската екскурзија.

СДСМ: Мицкоски се враќа од екскурзија - дали ќе го пречекаат со ново знаме или е тоа само уметничка инсталација?

Прашањето е само едно: Дали ќе го пречекаат со ново знаме?

И уште поважно - каква боја добил? Дали поцрвенел од Брисел? Или само се испекол на сонце додека Гостивар сè уште користи техничка вода, без ниту еден документ дека е чиста дури и за тоа?

Ќе видиме дали Францускиот предлог конечно ќе го прифати како „ремек-дело на дипломатијата“, исто како што го прифати и Преспанскиот.

Ќе видиме дали конечно ќе признае дека јазикот, културата и националниот идентитет се апсолвирани - како што веќе кажа претседателката.

Ќе видиме дали НАТО сè уште му е „феноменален“ сојуз и за граѓаните, и за инвеститорите.

Штета што ги избрка повеќе од 60%.

Во кампањата ветуваше „подобра преговарачка позиција“.

Ветуваше нови гаранции.

Ветуваше дека ќе го смени името.

Ветуваше дека никогаш нема да застане пред натпис „Северна“.

Денес нема ништо од тоа.

Има само „тајни разговори под радарот“.

Има „промакедонска“ партија во која функционери и нивните семејства имаат бугарски пасоши и фирми.

Што те чека, Христијане?

Те чека кампања по урнек на Ванчо Михајлов - „талог“.

Те чека да му се јавуваш на Савевски и да почнеш со закани за апсење.

Те чекаат српските медиуми на Ало групата.

Те чека Ивона за Вучиќевиот Euronews.

Тоа се убавите работи што ги сакаш. Но има и други.

Те чека празен буџет.

Те чекаат плати и пензии.

Те чека Гостивар - цел месец.

Три цистерни вода за цел град.

Епидемија на жолтица.

Eпидемијс на Западнонилска треска.

Орце ќе прска прорив комарци дури во вторник - изгледа и тие што прскаат се на екскурзија.

Те чека отруена болница.

Пациенти во Тетово.

Ајде, почни.

Закани наместо решенија.

Лаги наместо одговорност.

Можеби и ова ќе го забраните со нов декрет - како оној за мигранти, по урнек на Хитлер.

Да не смее никој да спомене вода, треска, пациенти…

Добредојде назад, Христијане.

Граѓаните те чекаат.

И овојпат нема каде да избегаш.

Скопје, 14.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка. Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема.

Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците.

При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Германските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови.

Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај.

Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер