Индиец ги тужи родителите зашто го родиле без да го консултираат (ВИДЕО) - Канал 5

Индиец ги тужи родителите зашто го родиле без да го консултираат (ВИДЕО)

Млад Индиец се одлучил да ги тужи своите родители бидејќи бил роден без своја согласност.

 Индиец ги тужи родителите зашто го родиле без да го консултираат (ВИДЕО)

Можеби звучи како сатира, но Рафаел Самуел е на чело на социјалното движење „анти-натализам“, кое е толку ново што одвај има име.

„Ги сакам своите родители“, инсистира Самуел, „но ме добија поради нивна радост и задоволство“.

Тој вели дека односот со неговите родители му е одличен, но тоа не го менува фактот дека му „нанеле голема неправда со тоа што го родиле“.

„Зошто нешто би работел? Затоа што моите родители ме родиле и еден ден за тоа престанаа да плаќаат? Натерајте ги да платат“, вели тој.

Тој се изјаснува како „антинаталист“, односно оној кој се залага за прекин на раѓање деца. Верува дека е „неправедно да се препушти детето на страдањата во животот, само за родителите да бидат среќни што го имаат“.

„Ги сакам своите родители, но ме добиле за лично задоволство. Мојот живот е одличен, но не гледам зошто морав да одам во училиште и да градам кариера, особено затоа што не барав јас да се родам“, вели ова момче, кое многумина заради оваа изјава го сметаат за неработник, а не за филозоф и борец за човекови права.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива.

АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива

-Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Македонија.

-АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати во вообичаениот режим, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства. Клиентите можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење.

Настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматски промена на финансиската состојба или правниот статус на АЛТА банка АД Битола.

Дополнително, нагласуваме дека околностите во Република Македонија се суштински различни од оние во Србија. АЛТА банка АД Битола не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата во Србија. Банката работи врз основа на професионални, деловни и регулаторни принципи.

Банката располага со сопствен капитал, средства и обврски, а нејзиното работење е под континуирана супервизија на Народната банка.

Депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити.

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

АЛТА банка АД Битола останува посветена на заштитата на интересите на своите клиенти, финансиската стабилност и одржувањето на довербата, стои во соопштението од банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина! Зделка вредна 2,1 милијарда долари, Зеленски предупредува на сериозен проблем.

САД одобриле продажба на ракети „Патриот“ на Украина!

На 30 октомври, Стејт департментот на САД ја одобри можната продажба на 500 ракети-пресретнувачи за противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина, во вредност од 2,1 милијарда долари.

Истиот ден, главниот воен командант на НАТО изјави дека испораките на американско оружје, купено од европските сојузници, продолжуваат без одлагање.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, но предупреди дека за испораките би можеле да бидат потребни неколку години, додека на Украина ракетите ѝ се потребни уште оваа зима за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руските напади.

Тој ги повика САД и нивните партнери да ѝ обезбедат на Украина ракети-пресретнувачи од постојните залихи, а подоцна да им ги надоместат преку нови договори. Предложениот пакет вклучува ракети-пресретнувачи од типот PAC-3 MSE (Missile Segment Enhancement) – напредни ракети со голема брзина за системот за противвоздушна и противракетна одбрана „Патриот“ (Patriot) – како и резервни делови и логистичка поддршка, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Набавката ќе биде финансирана од Канада, Германија и Норвешка преку програмата JUMPSTART – американски механизам за забрзана набавка, кој им овозможува на меѓународните сојузници и партнери да финансираат и брзо да обезбедат оружје произведено во САД.

За оваа набавка нема да се користат средства од американската влада, додека дополнителното финансирање ќе биде обезбедено од украински средства, поддржани преку заем за помош од Европската унија наменет за Украина.

Одобрението претставува чекор кон можна продажба, а не завршена набавка, при што датумот на испорака не е прецизиран. Американскиот Конгрес, вообичаено, има рок од 30 дена за разгледување на предложената продажба за Украина, додека производството и испораката на сложени системи за вооружување може да потраат со години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионот

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. 

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“  НБА шампионот

Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА .

Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија.

Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија.

Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби.

На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер