ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
Фудбал„Индепендент“ ја објави листата на 100 најдобри фудбалери во историјата на ПремиерлигатаБританскиот „ Индепендент“ ја објави листата на 100 најдобри фудбалери во историјата на англиската Премиерлигата.Во Премиер лигата која во овој формат се игра од 1992 година , минале точно 3830 фудбалери, меѓу 100-те најдобри има неколку фудбалери од екс Југославија. Најдобро пласиран фудбалер на листата на „Индепендент“ од поранешна Југославија во Премиер лигата е Србинот Немања Видиќ, стоперот на Манчестер Јунајтед се наоѓа на 19 место на листата, зад него се екс фудбалерите на Тотенхем и Челзи, Хрватот,Лука Модриќ на 57 позиција и Бранислав Ивановиќ од Србија на 80 место. Босанскиот напаѓач Един Џеко е на позицијата број 89. Пред великаните на светскиот фудбал Марсел Десаи и Ариен Робен. Најдобар фудбалер на Премиерлигата според „Индепендент“ е Французинот Тјери Анри, пред Кристијано Роналдо, Рајан Гигс, Рој Кин и Франк Лампард. Британската фудбалска икона Дејвид Бекам е дури на 21 позиција, пред него на 14 место е Ешли Кол, на листата на 100 најдобри го нема напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
ЗабаваЏим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада Според американските медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џим Кери (64) се оженил со Мин А (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, девет месеци откако првпат се појавија заедно во Париз. Двојката главно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Париз. Џим Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак. Кери и Мин А првпат заедно прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз, тие се во врска од 2022 година. Тој главно ја чуваше врската со уметницата во тајност, иако ѝ се заблагодари во говорот на таа церемонија и изјави дека ја сака. Актерот претходно изјави дека не планира повторно да стапи во брак. За време на гостувањето во емисијата *The Howard Stern Show* во 2014 година, тој го изнесе ставот дека тоа не е неопходно. „Едноставно не го сметам за неопходно“, рече тој, додавајќи дека иако не може да знае како би се чувствувал доколку запознае некоја личност што целосно би го освоила, сепак не би тргнал доброволно во тој правец. Тој претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1993 година, со која ја има ќерката Џејн. Нивниот развод беше опишан како тежок, а спогодба беше постигната во 1995 година. Браковите и медиумски експонираните врски на Џим Кери Потоа, во 1996 година, се ожени со Лорен Холи, неговата колешка од филмот *Dumb and Dumber* („Глупавиот и поглупавиот“), но таа поднесе барање за развод помалку од една година подоцна. Во 1999 година, Џим Кери започна врска со Рене Зелвегер – со која и се сврши – но тие раскинаа во 2000 година. Потоа, од 2005 до 2010 година беше во врска со Џени Мекарти. Подоцна, се поврзуваше со неколку други жени, меѓу кои шминкерката Катриона Вајт и актерката Џинџер Гонзага, пренесува Klix.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми хранаМакедонските домаќинства годишно по жител фрлаат за 17 килограми храна повеќе од просекот во Европската унија.Во просек по 86 килограми храна годишно по жител,. Рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно покажува извештајот на програмата за животна средина на ОН. Според извештајот домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од храна. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината. Извештајот на програмата за животна средина на он за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите. Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојбаВенко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси. Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки. Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија. А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси. Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“. На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00