„И така тој хамбургер ме фрла во депресија која трае со денови...“ (видео)

Најпознатиот светски гастро-патописец Ентони Бордејн, кој во петокот се самоуби, не можел повеќе да се носи со зависноста и депресијата.

За својата болест неколку пати и јавно проговори.

Па така во една од своите емисии „Parts Unknown”, призна дека е многу депресивен и оти ситници можат да го одвлечат на дното.

Во една од епизодите на тој серијал, Бордејн разговараше со психотерапевт и му изнесе страшни детали за она што преживува поради својата состојба.

„Вакви работи ми се случуваа...Да речеме, ќе дојдам на аеродром во Аргентина и ќе нарачам хамбургер. Тоа е целосно небитна работа, безначајна, но хамбургерот е лош. Гледам во тој хамбургер и тонам во депресија која трае неколку дена“ – изјавил тогаш.

„Се чувствувам како Квазимодо. Како изолиран чудак. Живеам од комуникација, но во комуникацијата со луѓето кои ги сакам сум ужасен“.

„И така тој хамбургер ме фрла во депресија која трае со денови, но исто така постојат и неколку совршено среќни минути кога помислувам дека животот е преубав“ – изјавил тогаш Ентони Бордејн.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.

Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

притисни ентер