ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
Култура„И јас сум тука" – изложба на фотопортрети на лица со интелектуална попреченостФестивалот за литература и илустрација за деца „Литера" ја најави изложбата на фотопортрети „И јас сум тука", која ќе биде отворена утревечер во Кинотеката. Во изложбата се вклучени 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од државата на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив. Тоше Огњанов е автор на фотографиите, а Сребра Ѓорѓијевска на приказните. На отворањето на изложбата ќе се обрати амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон. Според авторите, „И јас сум тука" е поважно патување за сите нив да се свртат кон себе и кон другиот, да го погледнат другиот и да му ја почувствуваат душата, која многу често е повредувана. -„И јас сум тука" е едно големо патување и за нас. Се роди од потребата да зборуваме гласно за луѓето што се меѓу нас, а кои понекогаш се правиме дека не ги гледаме, ниту сакаме да ги слушнеме. Да зборуваме гласно и без грутка во грлото за луѓето што само сакаат да бидат поздравени, почитувани, сакани, да бидат дел од целото. Предрасудите лесно се создаваат, а тешко се надминуваат, сметаат авторите. Целта на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди" е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди". Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент, сценарист Пер Јохансон. По отворањето на изложбата ќе биде прикажан документарниот филм „Модна ревија: Од 'Глада Худик' до Њујорк" во режија на Јохан Ског. Како што соопштија од тимот на „Литера", станува збор за популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик", на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк. Сценариото е на Терезе Брингхолм, Лиа Сидерштром, Јохан Ског. Улогите ги толкуваат: Ема Ертлунд, Никлас Хилберт, Пер Јохансон, Ида Јохансон, Аника Гранлунд Јонсон и др. Инаку, задутре во Кинотеката ќе биде промовирана и книгата „И јас сум тука". Гостинка на настанот ќе биде Ануки Стуруа, проект менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди", а модератор на промоцијата ќе биде Александра Јуруковска. На настанот ќе биде промовиран и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате" од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик" од Шведска. „И јас сум тука" е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди", чиј иницијатор е театарот „Глада Худик" од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Здружението „Солем" преку разни активности се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени. Изложбата ќе биде отворена три недели, а филмот ќе биде прикажан на 3, 18 и 19 ноември во Кинотеката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАБен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната Засилувањето на НБА тимот, Сакраменто, Бен Симонс, ќе мора да направи долга пауза откако на тренинг ја повреди Ахиловата тетива.Сакраменто доби исклучително лоши вести. Само неколку дена пред почетокот на лигашкиот дел од сезоната, „Кингси“ останаа без своето летно засилување – 30 годишниот Бен Симонс ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг. Според првичните прогнози, тој ќе ја пропушти целата сезона. Симонс, скршен по несреќниот настан, се огласи на социјалните мрежи, обидувајќи се да најде утешни зборови за себе, за својата кариера и за навивачите, ветувајќи дека ќе се врати на теренот посилен отколку што беше пред повредата. „И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест – ментално, физички и емоционално – но секојпат успевав да најдам начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. Никогаш не е лесно да се биде надвор од теренот и далеку од играта што ја сакам, особено по сè низ што поминав за да се вратам. Сепак, ако сум научил нешто, тоа е дека човекот не е дефиниран од тешкотиите со кои се соочува, туку од начинот на кој реагира на нив. Сум паѓал и претходно, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. Овој пат нема да биде поинаку“, заклучи тој. Отсуството на Симонс од теренот не претставува проблем само за играчот избран во првата рунда на драфтот во 2016 година, туку и за екипата на Кингс. Австралиецот, требаше да и се врати на кошарката и повторно да го демонстрира својот раскошен талент, откако ова лето потпиша едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари. Минатата сезона тој беше дел од Клиперс, но ја пропушти целата година поради закрепнување. Во подготвителниот период тој го пронајде својот ритам, бележејќи просек од 10,5 поени, четири скока и четири асистенции. За жал, Симонс уште еднаш покажа дека едноставно нема среќа. Бројни повреди и проблеми го оддалечија од теренот – местото каде што се очекуваше тој да испише историја во НБА. Неговиот статус како прв пик на драфтот го наговестуваше тоа, но повредите на грбот, проблемите со менталното здравје и многу други препреки му застанаа на патот на Бен Симонс. Според тоа, Сакраменто ќе мора да ја започне новата сезона без Симонс; првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, во 4:30 часот наутро. Проблем за Кингс не е само Австралиецот, туку и Малик Монк, кој заработи повреда на глуждот. Максим Рено и Дилан Кардвел се надвор од терените до ноември, па така, ситуацијата во која се наоѓа тимот е далеку од идеална.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter