3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
Автомобилизам„Hyundai Motor Group“ инвестира 18 милијарди долари во електрификација„Hyundai Ioniq 6“ неодамна беше прогласен за Светски автомобил на годината, така што нема подобро време за производителот на автомобили да ја удвои својата понуда за електрични возила. Конкретно, Hyundai Motor Group ќе инвестира 18,1 милијарди долари (16,6 милијарди евра). Како дел од напорите, „Hyundai“ има намера „значително да го прошири“ производството на електрични возила. Доколку се оди според планот, компанијата до 2030 година ќе произведува 1,51 милиони електрични возила годишно во Јужна Кореја, како и 3,64 милиони електрични возила на глобално ниво до 2030 година, пишува „Јутарњи“. „Hyundai“ информира дека нивните „големи инвестиции се насочени кон надградба на корејскиот екосистем за електрични возила и зајакнување на нејзината улога како центар за поттикнување на иновациите во глобалната автомобилска индустрија“. Дел од инвестицијата ќе ја финансира изградбата на нова фабрика фокусирана на електрични возила наменски. Други средства ќе бидат искористени за проширување на производството на електрични возила во постоечките погони. Hyundai Motor Group „ќе инвестира значително во истражување и развој, како што се развивање платформа за следната генерација електрични возила, проширување на палетата на производи, развој на клучни делови и напредни технологии и воспоставување истражувачки капацитети. Ќе го промовира и технолошкиот развој со своите партнери“. Во 2030 година, „Hyundai Motor Group“ ќе понуди вкупно 31 електрично возило од марките Hyundai, Kia и Genesis. Од компанијата не соопштија што може да се очекуваме, но се вели дека „Ioniq 7“ ќе пристигне во 2024 година. Тоа ќе биде верзијата на Hyundai на Kia EV9, пренесува „AutoBlog“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08