„Холивудскиот пастув“ доби десетто дете, второ за еден месец (ВИДЕО)

Поранешниот сопруг на Мараја Кери, комичарот и водител Ник Кенон доби уште едно дете.

Тој на Инстаграм објави дека има десетто дете, трето со партнерката Британи Бел.

„Уште еден благослов! Додека моето патување на оваа планета станува позначајно, сè што можам да направам е да му се заблагодарам на Бога и да продолжам да го молам Севишниот да ги насочи моите чекори. Тој ми даде управување и владеење над семејната динамика која за некои е незамислива. Но, што е уште поважно, тој ме благослови со љубени луѓе кои внимателно ќе ме водат низ овој намерен живот“, напиша Ник.

„Толку сум должен и благодарен. Британи Бел беше камен. Таа ме научи толку многу за родителството, психологијата, духовноста, љубовта и животот воопшто. За нашето трето дете, таа ми рече дека не сака ништо. Сè што сакаше беше молитва од нејзините најблиски. Учам дека тоа е најдобриот подарок“, додал Ник.

Открил дека на Британи ѝ било тешко породување.

„Веројатно најтешкото раѓање на кое сум бил сведок. 48 часа мачна болка и опасни по живот. 4,5 килограми љубов и радост наречени Рајс Месија Тонон. Ти благодарам Британи за мојата втора мала вага! Те сакам тебе и нашето неверојатно семејство“.напиша тој.

Кенон има деца и со Мараја Кери, Аби Де Ла Роса, Бре Тиези и Ланиша Кол. Кон средината на месецот тој на Инстаграм објави дека заедно со поранешната манекенка Ланиша Кол добиле девојче по име Оникс Ајс Кол Канон.

Да потсетиме дека Кенон претходно рече дека има толку многу деца „намерно“ и дека тие не се резултат на заборавање да користи заштита.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер