„Хофманови приказни“ на Офенбах за отворање на 41. „Мајски оперски вечери“

Со премиера на операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах на 9 мај свечено ќе бидат отворени 41. „Мајски оперски вечери“

Режисер на претставата е Урсула Хорнер од Австрија, диригент Најден Тодоров од Бугарија. На програмата годинава се уште четири опери „Травијата“, „Атила“, „Лучија од Ламермур“ и „Аида“ со која на 31 мај традиционално се затвора фестивалот. Покрај нив има и еден балет „Дон Кихот“, како и дводневен оперско-драмски настан на 11 и 12 мај во рамки на манифестацијата Европски оперски денови кои се одбележуваат во стотина оперски куќи низ светот. - Во секоја од претставите ќе има солисти докажани во светот кои со улогите со кои ќе настапат кај нас прават големи кариери, рече на прес-конференција Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет. Како пример за големи ѕвезди што ќе гостуваат на МОВ ги посочи Русинката Ирина Лунгу во улогата на „Травијата“ и Италијанката Марија Грација Скиаво во ликот на Лучија. Го спомна и гостувањето на екипи од Турција, Белгија и Бугарија за затворањето со Вердиевата „Аида“. Годинашните „Мајски оперски вечери“ ќе бидат посветени и на 200 години од раѓањетона Верди, 50 години од скопскиот земјотрес и 20 години од соработка со други земји. Мотото годинава е „Момент кој треба да се доживее“. Цената на билетите е пониска од минатите години и е од 400, 600 и 800 денари, а 200 за настанот посветен на Европските оперски денови. За блок-билети попустот е 40 отсто.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер