„Греми“: Адел ја скрши наградата за најдобар албум, да ја подели со Бијонсе!

Адел триумфираше на 59-тото издание на Греми наградите кое се одржа во „Стејплс“ центарот во Лос Анџелес.

Таа ги освои наградите за најдобра песна, најдобра снимка, албум на годината, најдобра поп соло изведба и најдобра поп албум за албумот „25“ на годинешното издание, беа доделени вкупно 89 награди.

Бијонсе се расплака поради гестот на Адел, која ја скрши статуетката на два дела и изјави дека не ја заслужува.

- Не можам да ја прифатам оваа награда, многу сум благодарна, но уметникот на мојот живот е Бијонсе. Нејзиниот албум „ Lemonade“ е монументален, толку убаво осмислен, толку душа носи во себе. Начинот на кој правиш да се чувствувам јас и моите црни пријатели е инспиративен. Те сакам, секогаш сум те сакала и секогаш ќе те сакам.

Touched: The stunner's eyes welled up with tears as she listened to the Hello singer's speech


Бијонсе беше номинирана за 9 награди а замина со две - наградата Најдобар урбан современ албум и Најдобро музичко видео

Греми и годинава им одаде почит и на музичарите кои минатата година заминаа во легендите.

Постхумно, на Дејвид Боуви му припаднаа пет греми награди во категориите: најдобра рок изведба, најдобра рок песна, најдобар аранжман на албум, најдобар алтернативен албум и најдобро снимен албум.

Сите овие награди ги доби за албумот „Блекстар“, објавен само два дена пред да почине.

Адел емотивно ја отпеа песната „Брза љубов“ на Џорџ Мајкл, ќерката на Бјонси и Џеј Зи, Блу Ајви му одаде почит на Принс облечена во негов стил, а тоа го сторија и Мори Деј и Џими Џем од „Тајм“ со изведбата на „Слатко валкано“ и Бруно Марс, облечен како Принс со изведбата на песната „Ајде да лудуваме“.

Видео: Кети Пери се појави топлес на ревијата на француската куќа „Баленсијага“

Кетрин Елизабет Хадсон, попозната по нејзиното уметничко име Кети Пери, е американска пејачка и текстописец.

Пери стана светски позната во 2008 година со големиот хит сингл „I Kissed a Girl“, кој се најде на врвот на музичките топ листи во повеќе од 30 земји.

Денеска на ревијата на високата мода на француската куќа „Баленсијага“ познатата кантавторка се појави само облечена во црна бунда, темни очила и ја шокираше јавноста со својот смел изглед.

Извор: Аваз

Видео: Насмеано роботско лице со жива човечка кожа?!

Живата човечка кожа на роботи ветува пореални и комуникативни машини, со потенцијални придобивки за истражување за нега на кожата или тестирање на производи.

Според научниците, човечката кожа за роботи би можела да ја револуционизира роботиката и козметичката индустрија. Новиот развој вклучува живо ткиво, мешавина од клетки од човечка кожа израснати на база на колаген, поставени на 3D печатена подлога од смола.

Оваа иновативна кожа содржи структури слични на лигаментите кои се наоѓаат кај луѓето и животните, обезбедувајќи сила и флексибилност. Создадени со перфорирање на смолната основа на роботот, овие структури овозможуваат ситни шуплини во форма на V да се пополнат со живо ткиво, држејќи ја кожата на роботот на место.

Научниците потоа ја поставија таа кожа на насмеано роботско лице широко неколку сантиметри, кое беше контролирано со прачки прикачени на основата. Друг експеримент вклучуваше 3Д модел на човечка глава со слична големина, иако таа остана неподвижна. Истражувањето поврзано со ова достигнување беше објавено во списанието Cell Reports.

Извор: Б92

Суд во Париз го потврди налогот за апсење на Башар ал Асад

Судот во Париз денеска го потврди налогот за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад за наводното користење на забрането хемиско оружје против цивили во немирите во 2013 година.

Британските медиуми пренесуваат дека потерницата по Асад, што француските судии ја издадоа во ноември минатата година, се однесува на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, по истрагата на француските истражни органи за хемиски напади во градот Дума, на само 10 километри од Дамаск, и блискиот округ Источна Гута, во август 2013 година, во која загинаа повеќе од 1.000 лица.

„Денеска е посебен ден и ова е историска победа, не само за сириските жртви, туку и за жртвите ширум светот, рече Мазен Дарвиш, шеф на Сирискиот центар за медиуми и слобода на печатот.

Владата на Асад негираше дека користела хемиско оружје во граѓанската војна што избувна во 2011 година.

Ретки се налозите за апсење на актуелни претседатели, бидејќи тие генерално уживаат имунитет од кривично гонење. Меѓутоа постојат исклучоци во меѓународното право кога претседателот се обвинува за воени злосторства и злосторства против човештвото или геноцид./МИА

притисни ентер