„Гответе со Дракче“ - Вкусен куглов - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Вкусен куглов

Во вторник (07.01.2025) во емисијата гостин ни беше Давор Панчевски – Дејвс Кичен

„Гответе со Дракче“ - Вкусен куглов

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. путер

200 гр. шеќер

6 јајца

1 ќесичка ванилин шеќер

350 гр. брашно

1 лажица сол

1 лажица сода бикарбона

250 г. кисела павлака

150 гр. црна чоколада

150 гр. бела чоколада

Глазура:

200 гр. темна чоколада

150 мл. хопла

1 ќесичка ванилин шеќер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ - “ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”

Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“.

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ - “ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”

Но реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква - празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина. Таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа, наместо да понудат суштина и јасна насока, делуваат како 6 празни политички флоскули без реална содржина и без поткрепа за испорачување резултати.

Слоганот на конгресот „Твоја држава, твоја шанса“, во тој контекст, неизбежно отвора прашање пред граѓаните: колку од тие шанси навистина беа искористени во периодот кога СДСМ ја имаше целосната политичка одговорност и каков е реалниот биланс од тие политики денес?!

Во политичкиот период кој го оставија зад себе, секоја шанса која ја имаа пред себе беше пропуштена, а нивните политики завршуваа со одлуки кои ја ослабуваа државната позиција, националниот интерес и ја нарушуваа довербата во институциите.

Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се игнорира.

Пораките како „Живот за сите“, „Нема правда-Нема мир“ останаа во јавноста како симбол на големи очекувања, но и како симбол на неиспорачани резултати и разочарани граѓани, додека привилегиите и користа од нив, се концентрираа во тесни политички и фамилијарни кругови блиски до Заев и Филипче.

Граѓаните не забораваат како и на кој начин двоецот Филипче-Заев се стекнаа со златните визи, не ги забораваат луксузните крстарења и забави во Дубаи, не ги забораваат контроверзиите околу набавките на вакцините, ниту пак, ги забораваат големите ветувања за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата кои останаа без вистинска разрешница.

Денешната политичка комуникација само ја продолжува истата матрица, со нови формулации, но со ист ефект.

За жал, денес СДСМ, од некогашна државотворна политичка партија, се повеќе наликува на структура која ги губи сопствените политички контури и јасен национален компас.

Наместо да биде фактор на внатрешна кохезија и државен интерес, делува како политички гласноговорник на Бугарските наративи и влијанија.

Во таков амбиент, се отвора прашањето дали партијата која некогаш ја носеше тежината на државотворноста, денес навистина ја води сопствената автономна политика или пак постепено се претвора во структура и политички агент, кој сè почесто ги рефлектира и артикулира ставовите блиски до наративите на Румен Радев, наместо јасно да ги брани и застапува државни интереси.

Македонија помина низ премногу искушенија за повторно да биде убедувана дека старите политики можат да се претстават како нова надеж.

Историјата не ги памети оние што најгласно зборувале за вредности, туку оние што имале храброст да ги претворат во дела и да ја стават државата пред партијата и личните интереси.

Граѓаните денес не бараат нови слогани, популистички лаги обвиткани во платформа за обединување, туку одговорност, резултати и стабилни институции.

За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска. Во таа насока, нашата политика и нашите заложби се насочени кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес.

Само така може да се гради европска Македонија, држава со достоинство, стабилност и јасна самосвест.

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали уцена го мотивира Филипче да не отстапува од бугарската агенда?

Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство.

 ВМРО-ДПМНЕ: Дали уцена го мотивира Филипче да не отстапува од бугарската агенда?

Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги спроведел уставните измени и со месеци прави напори да се доближи до Бугарија, а во процесот го релативизира македонскиот идентитет.

За СДС и Филипче, уставните измени не се прашање на државен интерес. За нив тоа е само чекор кој треба да го направат за да дојдат на власт, па затоа постојано се додворуваат на Румен Радев и Бугарија.

Јасно беше дека воопшто не им е битна Македонија, македонските граѓани, ниту пак македонските интереси, откако Филипче ги усогласи своите ставови со бугарското МНР, иако позициите на Софија за евроинтегративниот пат на Македонија остануваат и понатаму непроменети и цврсти.

На Филипче не му е проблем да прифати наративи кои го доведуваат македонскиот идентитет, историја и јазик во прашање. Не му е проблем да потпише дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и да ја редефинира историјата.

Наместо тоа, од СДС се занимаваат со промовирање на нови програми, која Филипче помпезно ја најавуваше и која ја рефлектира нивната хипокризија, дека ќе се борат против се она што токму тие самите го правеа додека беа на власт.

Под маската на европска перспектива, Филипче и СДС се обидуваат да соберат поени и да остават подобар впечаток во Софија. СДС се бори за обезличена Македонија.

На СДС им пречи тоа што оваа Влада води политика заснована на заштита на националните интереси и достоинството на државата. Им пречи тоа што Македонија има јасни позиции, а не политика на постојани отстапки и попуштања.

ЕУ гледа на Макдонија како држава која е сериозна, која работи на модернизација и која има сериозна намера да напредува, и се позиционира како одговорна држава и позитивен пример во регионот.

Но останува едно прашање, на кое што СДС и Филипче не даваат одговор. Зошто толку упорно инсистираат на уставни измени без гаранции, и се залагаат за исполнување на туѓи агенди.

Која е причината поради која Венко Филипче не отстапува од оваа агенда и со што е уценет?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прв медал за Македонија на Светското универзитетско првенство во Бразилија

 Стефан Стојановиќ ( Макпетрол) , освои Бронзен медал.

Прв медал за Македонија на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал уште на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв.

Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во последните секунди од мечот, пропуштајќи голема можност да се бори за златниот медал. Сепак, освоеното одличје претставува значаен успех за македонскиот универзитетски спорт и силен поттик за продолжението на шампионатот.

Од друга страна, најголемата спортска драма ја доживеа Викторија Јовановска во категоријата -68 кг. По серија квалитетни настапи, таа во борбата за бронзен медал беше поразена од претставничката на Иран со минимални 5:4.

Резултатот говори дека нијанси го решиле победникот, а Јовановска остана без заслужено одличје и покрај борбеноста и квалитетниот настап. Токму ваквите порази најмногу болат, бидејќи разликата меѓу медал и пласман останува само еден поен. Добар впечаток остави и дебитантот во репрезентацијата Греса Мустафаи.

Со освоениот прв медал и неколкуте пласмани во завршницата, Македонија покажа дека има каратисти способни да се носат со најсилната светска студентска конкуренција. Очекувањата остануваат високи и во преостанатите денови од шампионатот.

За време на елиминациите и на свеченото дефиле на отварањето на Светското универзитетско првенство во Бразилија, со нашите репрезентативци беше и нашиот Амбасадор во Бразил, Игор Попов и првиот секретар во Македонската амбасада Маријан Бартон.

Светско универзитетско првенство резултати:

+84 кг Група 4

Стефан Стојановиќ – Фин Малиска (Германија) 5-0

Стефан Стојановиќ – Кадир Фуркан Генч (Турција) 6-5

Стефан Стојанович – Беласли Набил (Франција) 2-1

Стефан Стојановиќ – Кадир Фуркан Генч (Турција) 2-4

61 кг

Викторија Јовановска – Иман Еја (Белгија) 3-2

Викторија Јовановска – Марлене Линдштед (Германија) 5-0

Викториа Јовановска – Ноурсобни Фарноуш (Иран) 4-5

+68 кг Група 1

Греса Мустафаи – Ирене Фернандез Перез (Шпанија) 0-8

Греса Мустафаи – Валентина Софија Флорес Колиманке 3-1 (Чиле)

Греса Мустафаи – Изабел Лили Висер (Јужна Африка) 7-0

Греса Мустафаи – Махбоб Башари (Иран) 0-5

Утре , настапуваат уште пет каратисти , а во среда се екипните борби, додека во четврток се мечевите за медали.

На шампионатот учествуваат 1.500 студенти-спортисти од 50 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер