„Гответе со Дракче“ - Тавче со зеленчук - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Тавче со зеленчук

Во петок (09.05.2025) во емисијата гостин ни бeше Лидија Лучко Јеремиќ

„Гответе со Дракче“ - Тавче со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

2 зелени пиперки

2 црвени пиперки

1 врзопче млад кромид

1 врзопче млад лук

100 гр. конзервирани печурки

100 гр. кашкавал

3 јајца

малку масло

сол и други зачини по желба

Прилог:

потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг.

Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко

Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање.

„Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата.

Таа често зборува за врската со Косово

Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче.

За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево

Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.

Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево

Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница.

Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона.

Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови.

Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“

Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, при една од полициските контроли не ја дал на увид лиценцата за работа, сведочеше денеска инспекторка од СВР Штип.

Продолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“

Денеска продолжи судењето против 9те полициски службеници кои дале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. Таа како хаотична ја опиша сликата пред Пулс за време на акциските контроли, пристапот до објектот бил отежнат поради големиот број паркирани возила.

-На барање на колегата Кузмановски кој таа вечер беше одговорен на акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов, лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и ќе ја донесе во понеделник. Ги има поднесено документите за обновување на лиценццата пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година,- - Деспина Симеонова – Инспектор во СВР Штип.

И сега пензиониран полициски службеник раскажа дека при конттроли во Пулс во периодот на 2023 година регистрирале повеќе нарушувања на јавниот ред и мир. Со денешните сведоци се исцрпува листата на докази на обвинителството.

-Секоја една информација дадена од нивна страна по однос на поставени прашања има значење за она што се наведува во обвинението како терет на присутните обвинети. – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК.

Адвокатот на првообвинетиот и денеска реагираше дека иако побарале од институциите се уште не им даваат клучни докази кои треба да бидат дел од нивната одбрана.

-Имавме барање до СВР Штип да се издаде и пронајде оригиналниот документ кој го имаше во фаза на истрага во претходната постапка, а сега го нема. Не знаеме од кои мотиви го крие тој доказ,- Емил Недков – Адвокат.

Во овој предмет 9те полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За едниот случај со 3 полициски службеници е изречена условна пресуда а се уште е во тек судската постпка против 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во Пулс.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер