3ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Таљатели во бел сосВо петок (20.12.2024) во емисијата гостин ни беше Наташа МалинковаСостојки за денешниот рецепт: 1 пакетче таљатели 50 гр. путер 1 главица кромид 2 чешниња лук 1 мала павлака за готвење 100 гр. шампињони 1 чаша бело вино 1 пакетче пармезан или 50 гр. кашкавал Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБеким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државатаСали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на економскиот развој. Тој истакна дека силната економија значи повеќе работни места, подобри плати и посигурна иднина за граѓаните. Осврнувајќи се на современите предизвици, првиот заменик-претседател на Владата посочи дека дигитализацијата, вештачката интелигенција, зелената транзиција, недостигот од квалификувана работна сила и глобалната конкуренција бараат уште посилно партнерство меѓу институциите и приватниот сектор. „Улогата на институциите е да создадат поволни услови за развој преку правна сигурност, поефикасни процедури и политики кои ги поттикнуваат инвестициите и иновациите. Од друга страна, бизнисот останува двигателот што создава вредност, работни места и конкурентна економија“, истакна Сали. На крајот, тој изрази благодарност до основачите, раководствата и членовите на Стопанската комора на Северозападна Македонија за нивниот придонес во економскиот развој на државата и посака идните години да донесат нови инвестиции, економски раст и поголеми можности за бизнис-заедницата и граѓаните. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агендаМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени.Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја позиционираат водата како стратешки ресурс и клучен фактор во климатската адаптација и одржливиот развој. „За нас ова е и обврска и можност – да го забрзаме усогласувањето со европските стандарди и да ги унапредиме реформите за поефикасно и поодржливо управување со водните ресурси“, истакна Хоџа. Министерот посочи дека климатските промени веќе имаат директно влијание преку суши и поплави, кои вршат притисок врз водните ресурси, земјоделството и екосистемите. Во тој контекст, тој го нагласи значењето на интегрираниот пристап, кој ги поврзува политиките за животна средина, земјоделство, енергетика и просторно планирање. Во своето обраќање, Хоџа стави посебен акцент на дигитализацијата на управувањето со секторите за вода во рамки на институциите, како и на инвестициите во природно-базирани решенија, кои претставуваат клучен дел од долгорочната климатска отпорност.Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци.Лидер во Реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово. Македонија. Од 4 извештаи за Реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за остварување на реформите. Ако не правите реформи нема да има пари. Со тоа што имаме најмногу добиено од цел регион, тезата на СДС пропаѓа во вода. А токму тоа им смета на СДС, кои не знаат како да се однесуваат кога некој во државата работи во интерес на граѓаните. Тие се навикнати на неработа, на крадење и на местење тендери, договори и анекси. Кога говорат за корупцијата и криминалот, ги посочуваме да погледнат во својот двор. Имаат човек во Извршниот одбор кој е осуден на 8 месеци затвор, Филип Андов – Сокол. Поранешен потпретседател на СДС и дете на Заев, Стефан Богоев фатен со мито за местење тендер. Поранешен градоначалник на општина Свети Николе од редовите на СДС, добил кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Поранешниот функционер на СДС, Васко Ковачевски, избеган во странство поради криминал. Модуларната болница во Тетово, поради 20% анекс на договор кој го потпишал Филипче се запали и изгореа 14 наши сограѓани. Корупцијата и криминалот е во сржта на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook