Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во сосВо понеделник (19.01.2026) во емисијата гостин ни бeше Војо Георгиевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 2 пиперки 3 суви пиперки 2 домати 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништоМаксим Димитриевски нема право да зборува за Изборниот законик. Човекот кој не донесе ништо, а зеде сè, пари, позиции, тендери и заштита од Мицкоски, сега се обидува да прави дефокус по команда на својот газда. Максим е класичен сателит. Создаден и финансиран од Мицкоски за да ја растури опозицијата и да ја штити криминалната група ВМРО. Денес ЗНАМ повеќе не постои. Остана само Максим, кој сега се обидува да ја наплати својата услуга. Народот веќе го нарекува „Максим по дивизија“ - човек кој работи за пари и прави токму она што ќе му се каже. Затоа што ако зборуваше искрено, ќе мораше да признае зошто не може да се донесе Изборниот законик. Не може да се донесе затоа што ВМРО и Мицкоски сакаат неконтролирано гласање на дијаспората, електронско или по пошта, без никаква вистинска контрола. Сакаат да отворат врата за масовна изборна кражба, токму онака како што правеа и порано. Максим исто така го поддржува тоа. Затоа што знае дека повеќе никој нема да гласа за него и за неговата банда. Неконтролираното гласање му е последната надеж. Максим Димитриевски, како и секој добар сателит, се обидува да ја сврти приказната. Но вистината е едноставна: Не е проблемот во СДСМ. Проблемот е во Мицкоски и криминална организација ВМРО кои сакаат да крадат избори, а Максим е тука само за да им ја чисти патеката со дефокус и лаги. Народот веќе знае кој е Максим и за што е создаден. Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор Во организација на Демократската унија за интеграција, вечерва во Тетово се одржува граѓански марш за како што претходно најавија од партијата, заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата.Повод за протестот кој почна во 20 часот е одлуката на уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, но од партијата оценуваат дека незадоволството е пошироко бидејќи постои загриженост од намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Според партијата на Ахмети, одлуката на уставниот суд отворал прашања за правната сигурност и за идното третирање на прашања поврзани со охридскиот рамковен договор.Тагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСловенечкиот амбасадор во ОН, Самуел Жбогар, поднесе оставкаСловенечкиот амбасадор во Обединетите нации, Самуел Жбогар, денес потврди дека поднел оставка и дека ќе ја напушти функцијата на 1 септември.Жбогар изјави за СТА дека поднел оставка од лични причини, но не сакаше да даде дополнителни објаснувања, истакнувајќи дека не ги навел причините во писмото за оставка до словенечкото Министерство за надворешни работи. Некои дипломатски извори велат дека неговото заминување може да биде поврзано со најавената инспекција на работата на Постојаната мисија на Словенија во ОН во Њујорк, но Жбогар рече дека за инспекцијата дознал дури денес од медиумите и изрази надеж дека таа ќе биде извршена додека тој сè уште е на функцијата. Други дипломатски извори тврдат дека Жбогар долго време размислувал да замине, додека некои ја поврзуваат неговата оставка со новите насоки за словенечката надворешна политика што ги воведе владата на премиерот Јанез Јанша. Жбогар е дипломат со повеќе од 30 години искуство. Тој беше државен секретар во Министерството за надворешни работи, шеф на Специјалната мисија за членството на Словенија во Советот за безбедност на ООН, амбасадор во ООН од февруари 2025 година, а претходно беше министер за надворешни работи на Словенија. Извор: Б92Тагови: Жбогар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook