„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со месо од дива свиња - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со месо од дива свиња

Во петок (25.04.2025) во емисијата гостин ни бeше Влатко Алексовски.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со месо од дива свиња

Состојки за денешниот рецепт:

2 страка праз

7 - 8 пиперки

300 гр. свинска чадена сланина

1,5 кг. месо од дива свиња

250 гр. ајвар

малку масло

неколку ловорови листа

малку сол и бибер

сув зачин, буковка и црвен пипер по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговара

Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна.

СДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговара

Над 50 населени места се со загадена вода.

Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош.

Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна.

Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од цевките и анализи на вода.

Ја прогласија водата за техничка и дека може да се користи а никогаш не објавија анализа, резултат за водата, кој потпишал и кој одобрил.

А Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија.

Сега се најавува дека официјалните резултати од анализите, ќе бидат достапни на 20 август.

Народот што да прави?

Во меѓувреме, Владата склучила зделка вредна околу 100.000 евра за набавка на вода, без тендерска постапка.

Тотален распад на институциите и колапс на здравството.

Прашањето е зошто Обвинителството молчи?

Зошто досега никој од власта не одговара за Гостивар?

Не може цела држава да се труе, а никој да не биде одговорен.

Не може илјадници граѓани да бараат лекарска помош, институциите да признаваат дека задоцниле, а функционерите да продолжат како ништо да не се случило.

Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, одговорност мора да има.

Скопје, 07.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 4.000 луѓе се заразени со ебола во Конго, бројот на смртни случаи расте

Според податоците на владата, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат ја надмина бројката од 4.000 за време на оваа епидемија.

Повеќе од 4.000 луѓе се заразени со ебола во Конго, бројот на смртни случаи расте

Ова е втората најголема епидемија на ебола во светот според бројот на заболени, а исто така е опишана и како епидемија на оваа болест што се шири најбрзо досега. Експертите сметаат дека вирусот почнал да се шири неколку месеци пред официјалното прогласување на епидемијата на 15 мај и дека реалниот број на заразени лица би можел да биде значително поголем од официјалните бројки.

Националниот институт за јавно здравје соопшти дека се потврдени вкупно 4.053 случаи на зараза, од кои 1.850 завршиле со смртен исход. Случаи на ебола се потврдени во пет провинции: Итури, Северен Киву, Јужен Киву, Горно Уеле и Чопо.

Во извештајот објавен минатиот месец во научното списание „Science“ се наведува дека епидемијата во Конго започнала уште во јануари, а можеби и порано, во провинцијата Итури.

Истражувачите идентификуваа повеќе од 500 сомнителни случаи во периодот од средината на јануари до 15 мај. Доцното откривање на болеста, преоптоварениот систем за епидемиолошки надзор, вооружените конфликти и недостигот на вакцини и ефективни третмани за вирусниот сој што ја предизвика епидемијата, ги попречија напорите за нејзино сузбивање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра

 Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. 

Манчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра

Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба.

Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер