ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив
Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
2Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со бајат лебВо понеделник (23.02.2026) во емисијата гостин ни бeа Ратко и Филип Златаноски - гајдаџииСостојки за денешниот рецепт: 1 леб на парчиња 200 - 300 гр. мортадела 250 гр. кашкавал 3 јајца 500 мл. млеко 2 млади кромитчиња малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните.Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата, ни Венко Филипче, ни некој од СДС не го осуди. Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став. Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции. Венко Филипче никогаш нема да го видите да застане на страната на Македонија, тој се позиционира таму каде што има корист, а во случајов на страната на Бугарија. Него не го засега Македонија, ни македонските граѓани, тој има свој зацртан пат да слугува на Бугарија, оти мисли дека ќе добие нешто за возврат. Така ја кодошеше и државата, така вели дека ќе потпише уставни измени со што Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, без гаранции, оти за него ништо не значи тоа. За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Тоа што на чело на некогашната голема СДС стои човек кој веднаш би направил ново национално предавство, а луѓето кои ги има поставено околу себе се спремни да го поддржат во тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи доследно да ги брани македонските национални интереси, достоинството и позициите на Македонија, затоа што тоа е наша обврска кон граѓаните и државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори. ВМРО загуби 150 илјади гласови, поддршката им се намалува од ден на ден, резултати нема. Буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите. Затоа на Мицкоски му се брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес и збунување на гласачите. ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена. Но граѓаните веќе ја препознаа оваа игра на Мицкоски и нема да дозволат да бидат измамени. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Драчево и Влае денеска без струјаПоради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.Тагови: ЕВН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook