Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните
2Андоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓаните
3Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Штрудла со тикваВо петок (09.01.2026) во емисијата гостин ни бeше Деса ИвановаСостојки за денешниот рецепт: 1 пакување готови кори 500 гр. тиква 250 гр. путер 200 гр. ореви 200 гр. лебни трошки 200 гр. сусам 10 лажици шеќер 4 пакетчиња ванилин шеќер Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево време со попладневни врнежи од дожд и засилен ветер Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Маврови Анови, 24 Берово, Претор, Охрид, Прилеп, 25 Крива Паланка, 26 Битола, Виница, Тетово, 27 Штип, 28 Скопје Петровец, Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Велес, 29 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на новата работна седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски во посета на Делчево: Дигитални решенија за поефикасни општини и поквалитетни услуги за граѓанитеМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Делчево, каде што присуствуваше и се обрати на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците и претставниците на општините од регионот. На седницата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и локалните самоуправи, како и за приклучување на општините кон платформата за интероперабилност и Документ менаџмент системот – ДМС. Платформата за интероперабилност овозможува безбедна размена на податоци меѓу институциите, додека ДМС обезбедува електронско управување и целосна следливост на документите и предметите. Нивната примена значи побрзи постапки, помалку хартија и чекање, поголема транспарентност и поквалитетни услуги. „Податоците треба да се движат, а не граѓаните. Дигиталната трансформација мора да биде присутна во секоја општина, бидејќи нејзината вистинска вредност се гледа преку побрзи, поедноставни и подостапни услуги“, порача Андоновски. Во рамки на посетата, министерот Андоновски, заедно со градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, го посети и новиот Туристички културен информатор. Современиот простор е опремен со поддршка од Министерството за дигитална трансформација и ќе придонесе за подобро претставување на културните, природните и локалните потенцијали на Делчево и Пијанец. За време на посетата беше истакнато и значењето на Центарот за услуги – ЕТУ, кој веќе функционира во Делчево. Големата искористеност на услугите потврдува дека Центарот е од особено значење за жителите, овозможувајќи им полесен пристап до услугите на јавната администрација. „Делчево забрзано се развива преку проекти што носат конкретни придобивки и нови можности за граѓаните. Министерството продолжува да ги поддржува локалните иницијативи и современите решенија што го подобруваат квалитетот на услугите“, истакна министерот Андоновски. Кабинет на Министер Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
СветТрамп: Украина и Русија веќе нема да си ја напаѓаат енергетската инфраструктура Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Украина и Русија постигнале договор за прекин на нападите врз енергетските објекти.„Украина се согласи да не напаѓа руски енергетски објекти. Русија се согласи да го стори истото! Зголемувањето на цените на дизелот низ целиот свет во голема мера се должи на војната меѓу Русија и Украина, а не на Иран“, напиша Трамп на Truth Social. Трамп го обвинува Зеленски за недостигот на дизел Објавата на Трамп дојде еден ден откако тој го повика својот украински колега Володимир Зеленски да престане да го напаѓа руското производство на дизел. Украина со месеци интензивно ја напаѓа руската инфраструктура за производство на гориво, значително намалувајќи го капацитетот на руските рафинерии и предизвикувајќи широко распространет недостиг. Како одговор, Русија го забрани извозот на дизел, втор најголем извозник на дизел во светот, по САД. „Г-дин Зеленски мора да направи едно нешто. Тој мора да престане да го уништува руското производство на дизел затоа што предизвикува недостиг на дизел“, рече Трамп за време на официјалната посета на Ирска. Цената на дизелот, клучно гориво за камиони, возови, трактори и бродови, во петокот за прв пат надмина 6 долари за галон во САД, според Американската автомобилска асоцијација (AAA). Цените на нафтата исто така растат Во исто време, глобалните цени на нафтата надминаа 108 долари за барел поради војната на Блискиот Исток. Снабдувањето е дополнително ограничено поради застојот во Ормутскиот теснец, низ кој претходно тече околу една петтина од светските залихи на нафта, додека САД и Иран се борат за контрола на клучниот воден пат. Во меѓувреме, гасоводот Исток-Запад на Саудиска Арабија, главна алтернативна рута за земјата богата со нафта за извоз на нафта преку Црвеното Море, беше затворен во петокот. Прекинот се случи откако нападите со беспилотни летала започнати од Ирак дополнително ја комплицираа ситуацијата. Но, Трамп рече дека зголемувањето на цените на дизелот не е „предизвикано од Блискиот Исток“, туку „од она што се случува во Русија и Украина“. Украина, чија енергетска инфраструктура исто така постојано е цел на руски напади, тврди дека рафинериите се легитимни цели бидејќи нивните напади го негираат финансирањето од Москва и ја намалуваат домашната поддршка за војната.Тагови: Доналд Трамп украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00