3Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
3Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Ролат од кашкавалВо понеделник (18.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Снежана ВељановаСостојки за денешниот рецепт: 10 парчиња кашкавал (сечени, дебелина 6 мм.) 200 гр. шунка (сечена на 2 мм.) 1 кутија крем сирење 1 марула 50 гр. брусница 50 гр. ореви зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисДе Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон Алекс де Минор, шестиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Закари Свида со резултат 6:2, 5:7, 6:2, 6:4.Австралијанецот добро го отвори мечот и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Свајда возврати во вториот. Сепак, Де Минор го подигна нивото на својата игра, ја врати контролата врз мечот и обезбеди место меѓу првите 16 на Лондонскиот Гренд Слем со сигурна игра во третиот и четвртиот сет. Во борбата за четвртфиналето, Де Минор ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карен Хачанов и Флавио Коболи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието.Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието откако опозицијата се спротистави електронското гласање да го замени досегашниот начин на гласање, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Тој додаде дека опозициските СДСМ и ДУИ побарале време да формираат став по овој предлог по што нов состанок се очекува идната недела. -По однос на техникалиите доколку се постигне консензус за поштенското гласање на дијаспората тогаш гласањето може да биде изведено и преку меѓународен поштенски оператор и ДИК нема да бира изведувач кој што би имал национален предзнак иако не е ни тој исклучен, но тој поштенски оператор кој што ќе може на меѓународно ниво да биде најоперативен и навремено и безбедно да ги достави материјалите до регистрираните гласачи и истите потоа да ги дистрибуира до ДИК на пребројување би бил веројатно и најприфатливиот за државата,изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Од ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека гласањето на локалните избори треба да остане право на резидентното население меѓутоа од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, инсистираат дека постои голем интерес кај отселените нашинци да гласаат, а доказ за тоа е големиот број од нив кои со автобуси и авиони се враќаат во татковината навреме за изборите. -Денеска се зборуваше за можноста да се гласа по пошта за што и ние се согласуваме. Но, битно ни е да не правиме дискриминација на граѓаните кон изборните процеси – претседателски, парламентарни и локални избори. Еден доста битен аргумент се последните локални избори каде што сите бевме сведоци дека немавме кворум во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, за жал тенденциите на отселување покажуваат дека и следните локални избори можеби ќе се соочиме со овој пролем, изјави Елми Азири од АА. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати Извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Меѓутоа, како што тврдат од власта, законот нема да се турка „на сила„ и за него очекуваат широк консензус. Како реформски чекор Изборниот законик има финансиска вредност од над 4 милиони евра. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЖивотМистериозни јаболка се појавија на плажа во САДДесетици јаболка испливаа на брегот во Корола, Северна Каролина, а надлежните претпоставуваат дека овошјето паднало од товарен брод на отворено море. „Corolla Wild Horse Fund“ – организација што се грижи за познатите диви коњи во тој крај – соопшти дека вработените и волонтерите собрале неколку вреќи со јаболка, додека подоцна биле пронајдени и дополнителни количини, вклучително и портокали. Од организацијата истакнаа дека сличен инцидент се случил пред неколку години, кога морето исфрлило големи количества грицки „Доритос“ на истата плажа. Јаболката не смееле да бидат оставени таму поради дивите коњи. Иако многумина би помислиле дека јаболката се идеална храна за дивите коњи, организацијата предупредува дека нивното оставање на плажата можело да има фатални последици. Тие наведуваат дека храната што не е дел од природната исхрана на овие животни може да предизвика гушење или грчеви во дигестивниот систем, што може да биде смртоносно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook