САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор
2САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Протеинска салатаВо вторник (26.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојка Динева ЈовановскаСостојки за денешниот рецепт: 3 - 4 компири 3 - 4 млади кромитчиња 100 гр. маслинки без семка 100 гр. семки од тиква 100 гр. наут 100 гр. рукола маслиново масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
СветРекордна заплена во Австралија: Во подземни бункери откриени 2,7 тони кокаинАвстралиската полиција ја спроведе најголемата заплена на кокаин во историјата на земјата, откако во систем на подземни бункери во Сиднеј пронајде 2,7 тони од оваа дрога, соопштија властите.Кокаинот, чија улична вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари, односно околу 500 милиони евра, бил откриен во петокот на имот во западниот дел на Сиднеј. A burnt out truck near Mackay has led police to the biggest cocaine bust in Australian history. Almost three tonnes was seized in Sydney, worth close to $1bn. pic.twitter.com/x9zK6SOUBi — 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) June 22, 2026 Според полицијата, дрогата била скриена во специјално изработени прегради под лажни подови во три бродски контејнери. На местото биле уапсени двајца мажи на возраст од 21 и 25 години, кои, според наводите, се обиделе да побегнат при апсењето. Тие се обвинети за поседување нелегално увезена дрога, а доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотна затворска казна.Тагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
СветСАД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договорПрвата рунда преговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши утрово со добар напредок во разговорите, соопштија посредниците, Катар и Пакистан.Во заедничката изјава, по 18 часовните преговори во Швајцарија, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена, а дека техничките разговори меѓу пониско рангираните функционери продолжуваат до крајот на неделата. Во соопштението се вели дека двете страни се согласиле да воспостават комуникациска линија за да се избегнат инциденти во Ормутскиот теснец, а дека на врвот на агендата е ставање крај на воените дејствија меѓу Израел и Хезболах, кои со денови го загрозуваат мировното решение. Оптимизмот во преговорите ја симнаа цената на нафтата од типот брент на 77 долари за барел, со што практично се добилижи до цената на нафтата пред почетокот на војната која тогаш изнесуваше 72 долари..Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЖештините го зголемија бројот на колапси и мозочни удариНајголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лицаЧекале автобус на автобуска постојка откако на пазарче испазариле овошје и зеленчук, но колабирале и со брза помош биле пренесени на Неврологија. Ова им се случило на неколкумина граѓани во последните 24 часа, кои се само дел од вкупно педесетина луѓе кои завршиле на ургентно одделение поради сериозни симтоми, дел и со мозочен удар, потврдуваат од Клиниката за неврологија. Зголемиот број на колапси и мозочни удари се должи на нездравиот начин на живот, а ризикот за луѓето кои се повозрасни и имаат хронични болести е доста поголем поради топлото време кое генерално влијае на општото здравје на сите, вели за Канал 5 Проф. д-р Иван Барбов, специјалист невролог. -Кога е жешко, организмот почнува да се обидува да се лади, настанува ширење на крвните садови на кожата, а поради ова, крвниот притисок паѓа. Кај сите пациенти кои имаат нормален или низок крвен притисок, тој уште повеќе се намалува. Кај пациентите со хронични заболувања кои имаат и покачен или висок притисок, жешкото време понекогаш кај нив предизвикува парадоксална реакција, покачување на притисокот, меѓутоа поопасни се ситуациите со намалување на крвиот притисок поради што пациентите знаат често да колабираат. Овој период мозочните удари ги имаме во поголем број од вообичаено навистина, сега бројот е зголемен бидејќи жешкото време делува и на другите хронични болести.- Проф. Д-р Иван Барбов - специјалист невролог И од службата за Итна медицинска помош бележат зголемен број на повици и во последното деноноќие имале 80 случаи, голем дел колапси и сообраќајки. Оттаму апелираат до граѓаните - кога ќе почуствувате жед веќе е доцна за спречување на дехидратација, затоа препораката е да се пие вода и кога не сте жедни. Најголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лица. Иако ризикот расте со возраста, мозочните удари сè почесто се регистрираат и кај помладата популација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter