3Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²
Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...
1Проклетството на „Златната топка“ продолжува! Дембеле без титула како Еузебио, Платини, Кројф, Меси, Роналдо ...
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Полжави со чадена сланинаВо понеделник (25.11.2024) во емисијата гостин ни беше Ѓорѓи Тодоровски Трупче.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. полжави 4 - 5 чешниња лук 100 гр. чадена сланина 30 гр. путер половина од китка магданос малку маслиново масло сол и буковец по вкус Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ Откако судот му ја одби жалбата Јакимовски доброволно замина на одлежување на затворската казна од шест и пол месеци..Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска доброволно заминал на издржување на затворската казна од шест и пол месеци, соопштија од неговата партија, откако Кривичниот суд ги разгледал неговите медицински документи и ја одбил жалбата за одложување по неодамнешната операција. Дека Јакимовски веќе се наоѓа во затворот „Скопје“, попознат како „Шутка“, за Канал 5 потврди и директорот на затворот Бобан Утковски. Од партијата на Јакимовски изразија длабоко разочарување укажувајќи дека поставувањето на времените објекти – бараки во кои 13 години беше сместена опшинската администрација не направила никому штета, туку општината за сите тие години заштедила милион и пол евра кирија, бидејќи не се плаќал закуп. Според ГРОМ, за случајот со Јакимовски судот се потврдил, како што велат, како параполитичка организација, која не и служи на правдата и законите и на Уставот, туку според нив на политичката партија која е на власт. - Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски, пишува меѓудругото во партиското соопштение од ГРОМ. Судскиот процес против Јакимовски траеше повеќе од шест години, а во април минатата година тој првостепено беше осуден на три и пол години затвор за две дела, бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Сепак, скопска апелација во јуни годинава донесе конечна одлука со која ја преиначи пресудата и го врати делот за злоупотреба на службената положба на повторно судење, но ја потврди едногодишната затворска казна за бесправното градење кое се однесува на двете времени бараки во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Бидејќи во казната му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, ефективното време кое Јакимовски треба да го помине во затворот „Скопје“ изнесува шест и пол месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИзвозот на украинско жито опадна за третина поради руските напади Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради интензивираните руски ракетни и беспилотни летала напади, соопшти главниот синдикат на земјоделци во земјата.Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се житото и растителните масла, останува најголемиот извор на заработка од девизи на Украина, при што повеќе од 90 проценти од суровините се испорачуваат преку три пристаништа во јужниот регион Одеса. Според договорот што им овозможи на двете земји да транспортираат жито преку Црното Море, пристаништата во Одеса обработуваат околу шест милиони тони товар месечно. Но, и Москва и Киев сега ги засилуваат нападите врз клучните извори на приходи. Украинските сили ја напаѓаат руската енергетска инфраструктура, вклучително и танкерите за нафта, додека Русија ги засили нападите врз пристаништата на Црното Море во последните недели. „Русија почна систематски да ја таргетира пристанишната инфраструктура, терминалите и целиот логистички синџир за транспорт, постојано користејќи балистички ракети“, соопшти трговскиот оддел на Украинскиот сојуз на земјоделци (УАК) во неделниот извештај објавен вчера. „Во просек, сега можеме да испорачуваме околу четири милиони тони жито месечно“, се додава во извештајот. Во последните сезони, Украина учествуваше со околу шест проценти во глобалниот извоз на пченица и околу единаесет проценти во глобалниот извоз на пченка, што значи дека нарушувањата, доколку продолжат, би можеле сериозно да влијаат на глобалните пазари.Тагови: жито напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање.Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи. Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде неоснован страв кај граѓаните. Вистината е сосема поинаква. Со предложениот нацрт-ДУП вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м², додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м². Тоа значи дека новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните ДУП-ови. Оттука, тврдењата за „нова бетонизација“ не само што не се точни, туку се целосно спротивни на фактите. Особено загрижува што ЗНАМ демонстрира елементарно непознавање на хиерархијата на урбанистичкото планирање. Деталниот урбанистички план мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, а единствената институција која ја утврдува таа усогласеност е Град Скопје, кој во законската постапка дава свое мислење. Доволно е да се направи едноставна пресметка. Постојните објекти во опфатот имаат бруто изградена површина од околу 16.000 м², што недвосмислено покажува дека планот е целосно во рамките на параметрите утврдени со Генералниот урбанистички план. Доколку имаа направено ваква основна анализа пред да излезат во јавност, ќе им беше јасно дека тврдењата за неусогласеност со ГУП немаат никаква фактичка основа. Дополнително, ова е работна верзија – нацрт-план, кој по завршувањето на јавната анкета повторно ќе биде доставен на мислење до сите надлежни институции, токму како што предвидува Законот за урбанистичко планирање. Дури по завршувањето на целата законска постапка може да стане конечен план. Неосновани се и обвинувањата за ерозија и свлечишта. За ваквите тврдења не е приложен ниту еден официјален документ, стручна анализа или мислење од надлежна институција. Наместо факти, повторно се пласираат шпекулации и се шири страв меѓу граѓаните. Да потсетиме, при изработката и донесувањето на Генералниот урбанистички план, врз основа на кој се изработуваат сите детални урбанистички планови, се спроведуваат низа стручни анализи, геолошки, геомеханички и други експертски испитувања со кои се утврдуваат зоните погодни за градба. Токму тие стручни документи, а не политичките квалификации, претставуваат основа за урбанистичкото планирање. Подеднакво несериозно е и тврдењето дека Деталниот урбанистички план се носи во интерес на поединци. ДУП не се изработува за една парцела или за еден инвеститор, туку претставува плански документ со кој се уредува просторот во интерес на сите граѓани – инфраструктурата, јавните површини, зеленилото, сообраќајот и условите за квалитетен живот. Доколку навистина имате дилеми, професионалниот и одговорен пристап е одговорите да ги побарате од надлежните институции, а не преку политички конструкции и паушални оценки. Очигледно, повторно покажувате непознавање на постапката за усогласување на нацрт-ДУП со ГУП, па затоа ве упатуваме да се обратите до единствената релевантна институција во оваа постапка – Град Скопје. Таму ќе ги добиете сите факти и стручни образложенија. Наместо да ја доведувате јавноста во заблуда, покажете елементарна одговорност и информирајте се пред да пласирате неточни тврдења. Општина Центар ќе продолжи транспарентно да ја води постапката, целосно почитувајќи ги законските процедури, мислењата на сите надлежни институции и јавниот интерес, а не политичките манипулации и обидите за собирање дневнополитички поени. Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook