Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пита со спанаќВо четврток (19.12.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Јовановска ТрајковскаСостојки за денешниот рецепт: · 500 гр. спанаќ · 500 гр. кори за пита · 300 гр. сирење · 500 мл. минерална вода · 1 ќесичка пециво · 2 лажици брашно · малку масло за јадење Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЦелосен прекин на електричната енергија во КубаКуба во вторник доживеа уште еден прекин на електричната енергија во Националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи ја целата земја без струја, соопштија официјални лица.Ова беше трет ваков инцидент за помалку од две недели, објави „Euronews“. Државниот синдикат на работници во електричната енергија соопшти дека проблем со производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на фреквенцијата“, што резултирало со прекин на електричната енергија што траел неколку часа околу пладне по локално време. И Министерството за енергетика и рударство и Синдикатот на работници во електричната енергија соопштија дека „протоколите за нејзино враќање се активирани“, се обезбедува електрична енергија за приоритетни локации, како што се болници и фабрики за преработка на храна. До попладне, електричната енергија беше вратена во некои делови од главниот град Хавана, според извештаите на медиумите, додека властите соопштија дека четири проценти од градот добиле електрична енергија. Некои провинции, вклучувајќи ги Гвантанамо и Сиенфуегос, објавија дека започнале со дистрибуција на електрична енергија до нивните болници, а Матанзас потврди дека електричната енергија е вратена во историскиот центар на градот. Минатата недела, два национални прекини на електрична енергија оставија повеќе од девет милиони Кубанци без електрична енергија, со уште два во март, како и неколку регионални прекини. Прекините на електричната енергија имаат значително влијание врз населението и, во комбинација со енергетското ембарго, доведоа до ограничувања на патувањето, намалено работно време и откажувања на летови, покрај сериозните последици за јавното здравје. Прекините на електричната енергија, исто така, влијаеја на снабдувањето со вода, интернет и телефонски услуги. Вашингтон воведе енергетско ембарго врз Куба во јануари по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и се закани со царини за други земји што продаваат гориво на островот, што само ја влоши петгодишната криза предизвикана од претходните санкции. Извор: Б92Тагови: куба струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаМВР: Лишени од слобода двајца сопружници од Скопје, расчистено убиството на лекарот во АвтокомандаПолициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(65) и неговата сопруга С.В. (59), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека на 21.03.2024 на паркинг во скопската населба Автокоманда, М.В. го убил А.Т., а С.В. му помогнала прикривајќи ги трагите. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, а врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и поднесена е кривична пријава против М.В. за кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик, а против С.В. за кривично дело помагање при извршување на кривичното дело. Осомничената С.В. се договорила со А.Т. да се најдат на паркингот во Автокоманда и влегла во неговиот автомобил, а кратко време потоа пристигнал и М.В., кој го извлекол А.Т. од автомобилот и со нож му нанел девет убодни рани, од кои А.Т. починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на починатиот во автомобилот, по што М.В. го одвезол автомобилот до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале од местото на настанот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
МакедонијаМицкоски: Цената на струјата не поскапе, работиме од јануари да поевтиниЕве веќе трета година почнуваме од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави: „Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат. И така до крајот на оваа Влада, а потоа и после следните парламентарни избори, оваа Влада ќе победи и повторно ќе биде Влада. Исто така, ако се сеќавате зборуваа дека во март-април доаѓале мигранти. Од Велика Британија доаѓале мигранти, еве го, јули сме на средина, мигранти нема. Повторно ширеа хистерија, повторно се обидуваа на тој начин да водат политика. Неколку дена ги слушаме, како дилерот од Кочани му бил отворен прозорот, па тој избегал. Еве вчера е приведен, онаму е однесен каде што му е местото, во затвор. Исто како што оние беа пронајдени во Драч и исто така донесени овде. Ние ќе се соочиме со една небулозна ситуација од страна на опозицијата. Тие колку повеќе лажат, толку повеќе тонат. И тоа граѓаните ќе бидат сведоци и мора да се навикнеме на ваков тип на некреативна и незрела политика. Ние не смееме да се посветуваме на ваков тип на растурање пердуви. Ние си имаме цел и мора да се стремиме кон таа цел. А наша цел е како да го направиме подобар животот на граѓаните. И тука нема да имам јас никаква дилема, додека сум јас претседател на Владата. Така што тоа е нашиот приоритет и во насока на тој приоритет ќе се движат политиките на оваа Влада. А коментарите, доволен коментар е што, еве веќе трета година почнуваме од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме. А во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, таа порасна за една третина, цената, зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи и компаративни резултати и бројки. По тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажна реторика.“- истакна премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook